Што е негативен оргазам и дали ви се случил досега?

Негативен оргазам? Не само што постои, туку и често се случува.

Т.н. императив за оргазам, односно идејата дека мора секогаш да се постигне оргазам при сексуалниот чин и тоа да се смета за нешто сосема нормално, создава само непотребна вознемиреност.

Не е спорно дека оргазмот најчесто е резултат на „успешен сексуален чин“, но едно истражување покажа дека оргазмите не се секогаш позитивно искуство.

Според истражувањето објавено во стручното списание Archives of Sexual Behavior, негативниот оргазам може да укажува на низа проблеми во сексуалниот живот: од тоа дека на партнерите тоа им е единствена цел во сексуалниот чин, до смирување на егото на партнерот или збунувачки чувства што може да се јават кај луѓе кои се големи верници или се „заробени“ во тело од спротивен пол (трансродови лица).

Луѓето кои доживеале негативен оргазам најчесто чувствувале притисок дека „треба да го смират/задоволат партнерот“.

Иако оргазмот претставува еден вид сексуален „успех“, истражувачите истакнуваат дека неговото достигнување може да создаде непосакуван притисок.

Во истражувањето учествувале 726 испитаници на возраст од 18 до 66 години и им било поставено прашањето дали некогаш имале негативно искуство поврзано со оргазмот. Поголемиот дел од испитаниците биле белци, со различни родови и сексуални определби.

Истражувачите велат дека „императивот за оргазам“ односно идејата дека мора секогаш да се постигне оргазам при сексуалниот чин и тоа да се смета за нешто сосема нормално, создава само непотребна вознемиреност. Покрај општествениот притисок, некои од испитаниците рекле дека имале уште поизразен притисок за постигнување оргазам од нивните партнери.

Некои испитаници рекле дека иако сексот како чин бил задоволувачки, партнерите им префрлале во случај да не доживеале оргазам, а некогаш зошто не доживеале повеќекратен оргазам. Префрлањата најчесто биле дека не ги сметаат за привлечни или дека други работи им се поважни од нивниот сексуален живот штом не доживеале оргазам.

Авторките на истражувањето – професор Сари ван Андерс од Универзитетот во Квинс и Сара Чедвик од Универзитетот во Мичиген – нагласуваат дека ваквиот вид на притисок е крајно непожелен.

Испитаниците зборувале и за квалитетот на оргазмот за време на секс. Поголемиот дел од нив рекле дека оргазмите им биле помалку пријатни, а понекогаш и со послаб интензитет, па дури и болни, ако се случеле во секс со „негативен предзнак“ односно чувствувале притисок да доживеат оргазам. Честопати се работело и за секс без емоционална приврзаност. Некои испитаници рекле дека за време на таквиот сексуален чин духовно и емоционално се одвојувале од партнерот.

Религијата исто така игра моќна улога кај некои луѓе кои се чувствуваат лошо за време на сексот, особено кога ќе постигнат оргазам.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе