Што е подобрено во новиот модел на OpenAI?

Open AI има нов модел на вештачка интелигенција, кој носи некои креативни подобрувања.

Извршниот директор на компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI, Сем Алтман, објави на социјалната мрежа X дека компанијата обучила нов модел на вештачка интелигенција кој многу добро функционира во креативното пишување.

Тој испрати барање до новиот модел на вештачка интелигенција, барајќи од него да напише „метафикциски расказ за вештачката интелигенција и тагата“ и го прикажа резултатот.

„Тоа беше прв пат да ме погоди нешто напишано од вештачка интелигенција“, рече Алтман, додавајќи дека уште не е сигурен кога оваа алатка ќе биде достапна за јавноста.

Open AI главно е фокусирана на унапредување на вештачката интелигенција во области како што се математиката и програмирањето и досега нејзините модели не се занимаваа конкретно со пишување фикција, известува Tech Crunch.

Експериментите за пишување може да сугерираат дека најновата генерација на модели за вештачка интелигенција на Open AI е значително подобрена во оваа област, додава порталот.

Тагови
реклама

Вести

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Read more

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Read more

Google блокирал пет милијарди реклами

Read more

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Read more
 

Гик

Sony откри како го подобрил ладењето на конзолата PlayStation 5 Pro

Читај повеќе

Мобилните телефони и таблетите во јуни ќе добијат нова ознака за траење и ефикасност на батеријата

Читај повеќе

Повеќето Европејци знаат за квантната технологија, но не знаат што е тоа

Читај повеќе

Цветовите во градовите можат да апсорбираат токсични метали и да ги пренесат на пчелите

Читај повеќе

Google блокирал пет милијарди реклами

Читај повеќе

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Читај повеќе

Што работи најмладата милијардерка во светот?

Читај повеќе

Сте се запрашале колку чини нашата благодарност кон четботовите?

Читај повеќе

Научници од САД тврдат дека откриле нова боја: Ја нарекоа оло

Читај повеќе