Што е подобро во зима - 4x4 погон со all season гуми или погон на предните тркала со зимски гуми?

Зимата е на прагот, па се враќаме на вечната дебата за тоа кои гуми и погонски склопови се најпогодни за совладување на зимските пречки.

Тоа е дебата која понекогаш може да стане многу „вжештена“, и покрај студеното време. Овојпат темата е споредување на погон на сите тркала (4x4) и на предните тркала.

Јасно е дека погонот на сите тркала подобро ќе ја пренесе силата на подлогата, но забрзувањето е само еден дел од возењето. Вртењето и запирањето се многу поважни прашања во зима, па иако погонот 4x4 може да понуди некои предности во кривини, при кочење и не е толку важен.

Овде доаѓаме до клучното прашање: дали е подобро во зимски услови да се вози автомобил со погон на сите тркала и добри гуми за сите сезони (all season) или можеби победник е погонот на предните тркала во комбинација со зимски пневматици?

Џонатан Бенсон од YouTube каналот Tire Reviews се обиде да одговори на тоа прашање споредувајќи два Mini Countryman S, од кои едниот користи систем со погон на сите тркала. Тој автомобил вози со гуми Goodyear Vector 4Season Gen 3 за сите сезони, додека верзијата со погон на предните тркала има намонтирано Goodyear UltraGrip Performance + зимски гуми.

Во својот тест, Бенсон спореди забрзувања на рамна површина и на рид, сопирање, кружење на снег и управливост со овие два автомобила.

Mini со погон на сите тркала самоуверено победува во стартот на рамен терен и на угорнина, но предностите на погонот на сите тркала завршуваат тука. На тестот за сопирање, Mini со погон на предните тркала застана побрзо, а иако тоа не е голема разлика, кога станува збор за итно сопирање, може да значи многу.

Во однос на управувањето, Mini со погон на предните тркала со зимски пневматици беше малку подиректен од неговиот 4x4 колега, иако разликата е исто така минимална.

Очигледно е дека автомобил со погон на сите тркала и зимски гуми би „владеел со зимата“.

Од друга страна, перформансите на автомобилите со погон на сите тркала и гумите за сите сезони се релативно блиску до возило со погон на предните тркала и зимски гуми, барем кога станува збор за Goodyear од тестот.

Сепак, погонот на предните тркала и зимските гуми малку ги надминаа погонот на сите тркала и all season гумите.

Remote video URL
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе