Враќањето на Лионел Меси во Барселона е тешка, но не и невозможна задача, а за да се оствари потребни се компромиси на двете страни.

Гласините кои навестуваат враќање на Лионел Меси „во неговата куќа“ толку многу се засилија во последните неколку недели што дури и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, човекот кој го „пушти“ во ПСЖ, му рече на Аргентинецот дека „вратите на клубот се отворени за него“.
Сепак, моменталната финансиска ситуација во Барселона не дозволува Меси да се врати на Камп Ноу доколку не се согласи на „многу“ помала плата.
„Само клубот може да направи нешто. Би сакал да се врати и да ја заврши кариерата во Барселона, но тоа не зависи од нас, нема да ги менуваме правилата за да може Меси да дојде“, изјави Хавиер Тебас, претседател на шпанската Ла Лига.
Сепак, Барса смислува начин да му понуди економска алтернатива на Меси за да се врати во клубот. Mundo Deportivo наведува дека Меси не би земал особено висока плата, туку би добивал проценти од различни извори на приходи, особено на комерцијално ниво.
Меси е свесен и за интересот на неговиот поранешен клуб кој чека аргентинската ѕвезда да „намигне“ за да направи потег.