Иако честопати слушаме дека за слабеење исхраната е важна 70 проценти, а вежбањето 30%, научниците велат дека тоа не е така.

Кога станува збор за губење на тежината, голем дел од „товарот“ се става на самата исхранаи често можеме да слушнеме дека вежбањето е само додаток на процесот.
Но, новото истражување покажа дека оваа теорија можеби и не е точна. Научниците од Универзитетот во Колорадо веруваат дека вежбањето е многу поефикасно од исхраната кога станува збор за слабеење.
„Истражувањето се занимаваше со прашањето за губење на тежината на подолг временски период. Докажавме дека луѓето ја губат телесната тежина побрзо со поголема физичка активност отколку со ограничен внес на храна“, вели д-р Даниел Остендорф, пишува MindBodyGreen.

Иако ова истражување не е причина да внесете сè што сакате во вашето тело, може да ве охрабри да живеете поактивен живот наместо да се грижите премногу за калориите.
Овие резултати ја нагласуваат важноста и вредноста на вежбањето при постигнување на целите поврзани со слабеењето. Покрај тоа, психичките и физичките придобивки што ни ги носи вежбањето се доволни причини да се занимаваме со каква било спортска активност.