Што е сината светлина налик експлозија на бомба снимена над Европа?

На 8 октомври, францускиот астронаут Томас Песке сними нешто исклучително ретко од Меѓународната вселенска станица (МВС).

Фотографијата, направена во еден кадар со долга експозиција, наликува на експлозија на кобалтна бомба некаде над Европа, источно од Хрватска, но оваа застрашувачки голема сина светлина не предизвика никаква штета. Всушност, повеќето луѓе веројатно не ни забележале дека се случило нешто невообичаено.

Сликата претставува нешто многу помалку застрашувачко, наречено „минлив светлосен настан“ (TLE) - феномен што може едноставно да се опише како молња која се движи нагоре, кон горните делови на атмосферата.

TLE се всушност група различни феномени што се јавуваат за време на грмотевици, но многу над местото каде што обично се појавува нормална молња. Иако се поврзани со молња, тие функционираат малку поинаку.

Син млаз

Еден од овие феномени се нарекува син млаз. Се претпоставува дека сините млазови, кои се формираат на надморска височина од околу 25 километри, се движат слично како и вообичаените електрични празнења помеѓу горното подрачје на позитивен набој во облак со грмотевици и негативно наелектризираниот горен слој на облакот. Ако водилката на молњата се движи кон горниот негативен слој, наместо долниот, исто така негативно наелектризиран, се формира син млаз. Во овој феномен, позитивната водилка на молњата ја пополнува негативно наелектризираната област пред негативниот крај да ја пополни позитивно наелектризираната област, а позитивната водилка конечно излегува од облакот и продолжува да напредува нагоре, предизвикувајќи син сјај на молекуларен азот.

Во 2018 година, научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) ја открија можната причина за сини млазови. Ги нарекоа сини блесоци, односно сини експлозии, но нивното потекло сѐ уште не е целосно разјаснето. Труд за нив беше објавен претходно оваа година во списанието Nature.

Атмосферскиот физичар Торстен Нојберт, еден од авторите на трудот, претпоставува дека сините експлозии се предизвикани од специјален тип електрични празнења со краток дострел во бура. Според него, турбуленцијата во бурата со грмотевици дава можност спротивно наелектризираните подрачја да се приближат еден до друг на помалку од еден километар и да ослободат силен струен наплив.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе