Можеби мислите дека знаете зошто луѓето уживаат во бакнувањето, но новото истражување откри што всушност ги натерало луѓето да се бакнуваат. Причината нема врска со љубовта.
Истражувањето го спроведе Адриану Рејш е Ламејра, Португалец кој моментално работи како професор по психологија на Универзитетот „Ворик“ во Англија. Тој утврдил дека бакнувањето порано било еволутивен инстинкт, нешто што човекот го правел за да исчисти друга личност.
„Доказите потврдуваат дека бакнувањето не е знак на наклонетост кај луѓето“, изјави тој за Daily Mail, додавајќи дека верува дека бакнувањето некогаш било дел од методот за отстранување на вошки.
Како што луѓето се развивале низ еволуцијата, потребата за овој вид на чистење станувала сè помала. На крајот, она што останало денес е она што го нарекуваме бакнување, односно покажување нежност кон саканата личност.
Ламејра проценува дека луѓето почнале да се чистат на овој начин пред околу 2 до 4 милиони години. Најраните податоци за бакнување кај луѓето се појавуваат во текстови од Месопотамија, околу 2.500 години пред новата ера.
Професорот додава дека сѐ уште не е целосно јасно како бакнувањето станало чин од сексуална природа и дека е потребно дополнително истражување.
Целосниот труд на португалскиот професор може да се прочита тука.