Што го предизвика историскиот пожар во Калифорнија?

Бројот на жртви во најстрашниот пожар во историјата на Калифорнија се искачи на 56, а бројот на исчезнати на 297, соопштија калифорниските служби и објавија список со имиња на исчезнатите. Со трите жртви во другиот, помал пожар, бројката изнесува 59 мртви.

Олку висок број на исчезнати не се очекуваше, со оглед на тоа дека канцеларијата на шерифот на округот Бјут, каде се наоѓа гратчето Парадајс што изгоре до темели, вчера утрото објави список од само 101 исчезнато лице.

На прес-конференцијата одржана вечерта, шерифот Кори Хони додаде уште 29 имиња на списокот, со што бројката се искачи на 130. Меѓутоа, со ажурирањето на податоците, конечната бројка доцна вчеравечер изнесуваше дури 297 исчезнати лица.

Парадајс е избришан од картата, ќе се обновува со години

Во гратчето Парадајс изгореа вкупно 7.600 домови. Пламените јазици зафатија 135 хектари земјиште, а совладани се само 35% од пожарот. Најголемиот број од жртвите во пожарите се жители на Парадајс, некогаш гратче од 26.000 жители што сега е избришано од картата.

„Со години ќе се справуваме со последиците од оваа катастрофа. Ова ќе биде долг, фрустрирачки процес за граѓаните на Парадајс. Треба одново да се изгради целата инфраструктура. Сепак, нема да може да го изградиме Парадајс онаков каков што беше“, рече аминистраторот на Сојузната агенција за управување со кризни ситуации Брок Лонг кој додаде дека она што останало од градот изгледа „како воена зона“.

Која е причината за избувнување на пожарот?

Причината за избувнување на првичниот пожар уште не е точно утврдена, но комуналното претпријатие Pacific Gas & Electric (PG&E) во службени документи призна дека можно е нејзина неисправна опрема да го има предизвикано пожарот со искрење.

Од компанијата додаваат дека можно е да немаат доволно осигурување за да ги покријат високите трошоци за отштета ако се докаже дека тие се виновни.

Тројката правни компании „Адвокати за пожари“ веќе го има тужено PG&E за неисправно одржување, поправање и замена на својата опрема и тврди дека токму тоа „непростливо однесување“ е причината за пожарот.

„Наместо да ги вложува парите од корисниците во одржување на инфраструктурата и во зголемување на безбедноста, PG&E ги прелева овие средства за зголемување на профитот... Безбедносните анализи на ова претпријатие се ужасни“, стои во тужбата.

Вредноста на акциите на претпријатието падна за 20% по објавувањето на информацијата за можно преземање на вината.

Можеби најдобра индикација дека токму компанијата за снабдување со струја и плин е виновник за пожарот е фактот дека пред да избие пожарот на 8 ноември, упатила предупредување до корисниците во некои области дека ќе мора да ја исклучи струјата поради висок ризик од предизвикување пожар со искрење.

Меѓутоа, на денот кога избувна пожарот, од PG&E одлучиле да не ја исклучуваат струјата. Ако нивната лошо одржувана опрема е причината за пожарот, ваквата одлука скапо ќе ја чини компанијата.

PG&E веќе се соочува со 200 тужби за предизвикани најмалку 16 пожари во 2017 година. Отштетата за овие тужби, несметајќи го пожарот што уште беснее во Калифорнија, би можело да ја чини компанијата 15 милијарди долари.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе