Што го забрзува опаѓањето на косата и 5 масла кои го спречуваат проблемот

Истражувањето објавено во списанието Nature покажа дека нездравиот начин на живот може да влијае на проретчувањето на косата.

Причините за губење на косата можат да бидат од генетско потекло, психолошки или поврзани со начинот на живот. Што се однесува до второто, докажано е дека исхраната богата со масти може да делува како активирач за механизмите кои водат до опаѓање на косата.

Иако луѓето со прекумерна тежина  се изложени на поголем ризик од андрогена алопеција, сè уште не е познато дали дебелината го забрзува проретчувањето на косата и кои механизми се вклучени. Научниците од Медицинскиот и Стоматолошкиот универзитет во Токио користеа експерименти на глувци за да се обидат да истражат како исхраната богата со масти или генетски предизвиканата дебелина може да влијае на слабеењето и губењето на косата.

Тие откриле дека исхраната богата со маснотии и дебелината може да доведат до исцрпување на матичните клетки на фоликулите на косата со предизвикување одредени воспалителни сигнали кои ја блокираат регенерацијата на фоликулите на косата, што доведува до губење и намалување на бројот на фоликулите.

Во нормални околности, матичните клетки на фоликулите на косата се самообновуваат во секој циклус на фоликулите, што е дел од процесот што овозможува нашата коса да расте повторно и повторно. Како што човекот старее, матичните клетки на фоликулите на косата веќе не успеваат да се регенерираат до тој степен, што доведува до намалување на нивниот број, а со тоа и до проретчување на косата.

„Исхраната богата со маснотии го забрзува проретчувањето на косата со конзумирање и исцрпување на матичните клетки на фоликулите на косата, кои се неопходни за формирање на зрели клетки кои растат влакна, особено кај постарите глувци“, вели водачот на студијата Хиронобу Моринага.

„Го споредивме изразот на гените во матичните клетки на фоликулите на косата помеѓу глувци кои примале масна храна и глувци кои примале стандардна храна, а потоа ја следевме ‘судбината’ на овие матични клетки.секретирање на себум. Откривме дека кај глувците хранети со масна храна се претвораат во корнеоцити на површината на кожата или себоцити кои лачат себум. Кај овие глувци е забележано побрзо опаѓање на влакната, помали фоликули и осиромашување на матичните клетки на влакната“, објасни Моринага.

Како да го запрете опаѓањето на косата?

Како што тоа што го јадете може да го поттикне опаѓањето на косата, така може да го поттикне растот на косата. Неколку студии покажаа ветувачки резултати во маслото од семки од тиква. Маслото од семки од тиква се покажало дека го блокира дејството на 5-алфа редуктазата кај стаорци.

Ова е многу важно бидејќи 5-алфа редуктазата е ензим кој го претвора тестостеронот во многу посилен андроген DHT. Ако нивото на 5-алфа редуктаза се зголеми, повеќе тестостерон ќе се претвори во DHT, што ќе резултира со повеќе губење на косата. Авторите на студијата, објавена во списанието Hindawi, сакале да го тестираат овој ефект врз луѓето.

Целта беше да се испита ефикасноста и подносливоста на маслото од семки од тиква во третманот на раст на косата кај мажи со блага до умерена андрогена алопеција - честа форма на губење на косата и кај мажите и кај жените. Седумдесет и шест мажи со андрогена алопеција добивале 400 mg масло од семки од тиква дневно или плацебо во текот на 24 недели. Промените во растот на косата на скалпот беа проценети на 4 начини: со проценка на стандардизирани клинички фотографии, самопроценка на субјектите, дебелина на скалпот и број на влакна.

Кои се резултатите?

Групата во која мажите примале терапија со масло од тиква по третманот имала повеќе влакна од групата во која примала плацебо. Кај мажите кои примале масло од тиква е забележано зголемување на косата за 40 проценти по 24 недели, додека кај оние кои примале плацебо имало зголемување на косата за 10 проценти.

Докажани третмани против опаѓање на косата

Ниту еден третман за опаѓање на косата не е 100 проценти ефикасен, но овие есенцијални масла вреди да се пробаат. Резултатите може да ве изненадат.

Лаванда

Маслото од лаванда може да го забрза растот на косата. Студија на животни покажа дека ова масло го забрзува растот на косата кај глувците.

Нане

Маслото од нане може да ја подобри циркулацијата во областа каде што се нанесува и на тој начин да го поттикне растот на косата. Студијата на глувци покажа дека маслото од нане доведува до зголемување на бројот на фоликули, големината на фоликулите и растот на косата.

Рузмарин

Маслото од рузмарин може да ја зголеми дебелината на влакното, густината на косата и да го стимулира растот на косата. Една студија покажа дека етеричното масло од рузмарин го има истиот ефект како миноксидилот, вообичаен третман за раст на косата.

Мајчина душица

Маслото од мајчина душица може да помогне во стимулирање на растот на косата со стимулирање на скалпот, но и да го спречи опаѓањето на косата. Исто како и кедровото масло, се покажа дека етеричното масло од мајчина душица помага во лекувањето на алопеција ареата.

Кедар

Есенцијалното масло од кедар може да го стимулира растот на косата и да го намали опаѓањето на косата со балансирање на лојните жлезди во скалпот. Во комбинација со лаванда и рузмарин, екстрактот од кедар се покажа како ефикасен во намалувањето на опаѓањето на косата кај луѓето со алопеција ареата.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе