Што ја очекува нашата галаксија за 2,5 милијарди години?

Нашата галаксија Млечен Пат почна да се судира со две џуџести галаксии – Голем и Мал Магеланов Облак, се наведува во американското астрономско списание Eаrth Sky.

На астрономите им е познато дека е предвидено Млечниот Пат да се судри со големата спирална галаксија Андромеда, што треба да се случи за четири милијарди години, а сега почнаа да ни се приближуваат двете галаксии Големиот и Малиот Магеланов Облак, што кружат околу Млечниот Пат, па затоа може да се очекува да дојде до судир.

Ова приближување е првиот сигнал дека претстои судир меѓу Млечниот Пат и Големиот и Малиот Магеланов Облак, а како последица на него веќе се раѓаат нови ѕвезди.

Астрономите од 60-тите годни на минатиот век веќе ја следат долгата трага што доаѓа од Магелановиот Облак, а која ја нарекуваат Магеланов Поток. Оваа трага од гас се протега низ галактичкиот јужен дел на Млечниот Пат, пишува Earth Sky.

Магелановите облаци треба во вистинска смисла да се судрат со нашата галаксија за неколку милијарди години, но според најновите податоци што на 8 ноември астрономите ги претставија на собирот на Американското астрономско друштво (ААС) во Хонолулу, се чини, дека веќе сега се појавиле првите знаци на колизија.

Имено, при спојувањето на галаксиите вообичаено се создаваат нови ѕвезди, а астрономите неодамна на периферијата на нашата галаксија, во близина на Магелановиот Поток, воочиле нов куп од ѕвезди. Во тој предел вообичаено се наоѓаат најстарите ѕвезди на нашата галаксија, а научниците откриле дека ѕвездите од овој куп се составени од материјалите на Магелановиот Облак.

Научниците на овој начин неодамна сфатија колкава е заканата за нашата галаксија од Големиот Магеланов Облак.

Според истражувањето што во февруари 2019 година беше објавено во списението Monthly Notices на британското Кралско астрономско друштво, Големиот Магеланов Облак сигурно ќе се судри со нашата галаксија и тоа многу пред што се мислеше.

До ова откритие научниците дошле откако изработиле компјутерска симулација на движењето на Магелановиот Облак, при што утврдиле дека место да кружи на сигурна оддалеченост од нашиот Млечен Пат, Големиот Магеланов Облак по некое време ќе се судри со него.

Научниците проценуваат дека Магелановиот Облак во моментов од нас е оддалечен околу 163.000 светлосни години и дека се оддалечува со брзина од 400 километри во секунда. Но, симулациите на астрофизичарите од Универзитетот „Дарем“ покажуваат дека Големиот Магеланов Облак во еден момент ќе забави, ќе се сврти кон нас и ќе се судри со нашата галаксија. Судирот треба да се случи за околу 2,5 милијарди години.

Во случај човештвото да преживее толку долго, го очекува вистински спектакл. Имено, постои можност при судирот да се активира црната дупка во средината на нашата галаксија и да почне да голта сè што се наоѓа околу неа, зголемувајќи се за десет пати.

– Сè додека се храни со околниот гас црната дупка ќе исфра огромни млазови радијација, изјави шефот на истражувањето, космологот Мариус Каутон.

„Иако тие млазови нема да влијаат врз нас, постои мала можност (од еден до три отсто) при судирот на двете галаксии нашиот Сончев Систем да биде исфлен во меѓуѕвездениот простор“, додава Каутон.

Научниците се сомневаат дека при спојувањето на Млечниот Пат и Андромеда да дојде и до меѓусебен судир на ѕвездите и планетите, но галаксијата што надоаѓа со повеќе од 250 милијарди сонциња, сепак, ќе направи „неред“ во рамките на нашиот Млечен Пат, смета астрофизичарот Карлос Френк од Универзитетот „Дарем“.

Сè ќе се смени во нашата галаксија, а Сончевиот Систем би можел и да биде исфлен во надворешната вселена. Во случај тоа да се случи, се сомневам дека нашите потомци, доколку дотогаш и ги има, ќе можат да преживеат, објасни Карлос Френк.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Чек дис аут

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Read more
 

Магазин

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Читај повеќе

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Читај повеќе

Колку често мажите треба да ејакулираат за да го одржат своето здравје?

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе