Што ја предизвикува несоницата?

Несоницата често се поврзува со стрес, анксиозност и умор, но најновите истражувања покажаа дека причината за инсомнија може да биде генетска.

Меѓународен тим научници откри седум ризични гени што се поврзани со пореметувањето на сонот. Ова откритие може да доведе до откривање на лек за оваа состојба од која патат многу луѓе ширум светот.

Мадона, Џорџ Клуни, Лејди Гага и Ким Катрал отворено зборувале за нивните проблеми со спиењето и несоницата.

Новите сознанија покажуваат дека има различни гени поврзани со несоницата кај мажите и кај жените. До неодамна несоницата се сметаше за психолошки проблем и последица на депресија, жалост или работење во смени.

„Често се сметаше дека причината за инсомнија е ‘во главата’ на пациентот. Ова истражување дава нови перспективи за објаснување на вистинската причина“, вели специјалистот за пореметување на спиењето Еус ван Сомерен од Универзитетот на Амстердам.

Научниците зеле ДНК примероци од 113.000 луше од Холандија и од Велика Британија за да го истражат ова пореметување. Еден од ризичните гени пронајден кај овие луѓе е MEIS1, што и претходно беше поврзуван со пореметувањето на сонот.

Се работи за гени што мутираат и предизвикуваат пореметување. Во рамките на истото истражување било откриено дека одредени гени предизвикуваат анксиозни пореметувања, депресија и лошо расположение.

Научниците сметаат дека ова откритие ќе им помогне подобро да ја разберат инсомнијата како пореметување на невронско ниво и тоа да доведе до создавање на подобри лекови.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе