Што кажува бојата на автомобилот за карактерот на сопственикот?

Дали бојата на автомобилот може да го открие психолошкиот профил на неговиот сопственик? Можеме ли да научиме нешто од ова за тоа како сакаме светот да нѐ перципира. Возраста и полот дефинитивно имаат влијание врз изборот на боја на нашите лимени миленици, но понекогаш, т.е. во услови на криза, принудени сме да купиме автомобил само поради добрата цена, со оглед на тоа каков ни е пазарот.

Ненси Локхарт, маркетинг менаџер за Axalt Coating Systems во Детроит, објасни како со текот на годините се менува наклонетоста кај луѓето кон одредена боја на автомобил. Секако, карактеристиките на самото возило имаат големо влијание врз изборот, како и стилот, дизајнот и брендот на возилото. Некои спортски автомобили би изгледале многу лошо во земјени нијанси, додека на семејните автомобили не би им одговарала спортската светлоцрвена боја.

Но, некои работи не се менуваат. Изборот на боја кажува многу за начинот на кој сопственикот на автомобилот сака светот да го гледа. Токму затоа е направено ова истражување. Ова се резултатите.

Бела

Ако возите бел автомобил, сакате да се претставувате како млад, свеж и модерен човек. Белата стана боја на луксуз и квалитет. Големите брендови како Apple ја сакаат белата боја од истите причини. Белата боја сугерира дека имате вкус и елеганција, искреност и чистота. Плус, сигурно ќе ви биде интересен фактот дека шизофреничарите обожаваат бела боја. Таа е најубавата од сите бои. Но, покрај емотивната, белите автомобили имаат и практична страна. Белата боја го рефлектира сонцето и, за разлика од црните автомобили, тие никогаш не достигнуваат температура над 200 степени Целзиусови внатре. Лоша страна? Тешка боја за одржување освен ако не уживате во блескаво бела и чиста кола.

Црна

Црната е главната боја на луксузот. Ова е потврдено со истражување во кое црната боја е најпопуларен избор кај автомобилите од луксузната класа. Иако се чини „обична“, црната боја оддава чувство на софистицираност и дипломатија. Како кралевите, принцовите и претседателите, црните автомобили обично се избор на луѓе кои сакаат да се сметаат за моќни. Мажите кои избираат црна боја на автомобили, сакаат да му покажат на светот дека имаат контрола над својот живот, колку се важни и класични.

Сребрена

Или металик, како што се нарекува на Балканот. Боја на техниката, иновациите, челикот, металот, студот, технологијата, безбедноста и стилот. Сивата боја на автомобилот за вас вели дека сте џентлмен од повисока класа, кој го знае своојот статус и не се плаши да го покаже тоа. Сребрената е трета најпопуларна боја, таа е многу неутрална и за разлика од црната и белата, таа е исклучително полесна за одржување.

Сива

Дали има разлика помеѓу сивата и сребрената? Секако дека има. Возачите кои избираат сива боја за нивниот автомобил обично се оние кои не сакаат да привлекуваат големо внимание. Иако самата боја дава чувство на технологија и совршенство, дополнителните емоции што ја придружуваат се достоинството, традицијата и зрелоста. Возачот на сив автомобил е самоуверен, силен и решителен, не го интересираат туѓите ставови или нивните мислења. Не е како среброто што сјае, тој сака да биде ненаметлив и тивок, а сепак силен и прецизен.

Црвена

Емотивните и огнените типови обично избираат црвена боја за своите миленици, кои ги сакаат повеќе од себе. Црвената боја претставува акција, сила и мажественост. Со црвен автомобил мажот го декларира својот статус пред светот. Спортист. Емотивец. Фраер. Црвени автомобили најчесто возат адвокати и банкари. Егзибиционисти. Додека мажите сакаат црвената боја да ги прикажува како фраери, жените ја доживуваат црвената боја како забавна и безбедна.

Сина

Сината боја ја избираат практични, весели и забавни луѓе. Од небесно сина до темно сина, сите нијанси подразбираат сигурност, искреност и спокојство и вистинска семејна средина. Сините автомобили не беа популарни подолго време и беа претежно резервирани за некои брендови како Subaru, Dodge Viper и Mini Cooper.

Жолта/Златна

Ако возите жолт автомобил, веројатно сте откачени и насмеани од утро до вечер. Жолтата претставува радост и позитивен став. Најмногу ги привлекува младите кои ја обожаваат жолтата боја токму поради нејзиниот огнен тон и чувство на храброст. Или лудило. Како сакате. Ако сте заинтересирани да купите жолто возило, бидете сигурни дека другите на патот ќе се поместуваат и ќе ви дадат предност бидејќи жолтата боја се асоцира со - лудило. Практично, нели? Покрај тоа, истражувањата покажаа дека само 1 до 2% од автомобилите се со златна и жолта боја.

Зелена

Последните десет години зелената боја се поврзува исклучиво со природата. Ако сте човек кој сака да поминува многу време на отворено, во шума, на планина, зелената боја на автомобилот ќе биде полн погодок. Светлозелените бои претставуваат духовност, безбедност, љубов кон природата и искреност. Исто така, зелената честопати се користи од производителите за да се нагласи грижливата природа на нивниот автомобил што е еколошки свесен. Не затоа што сади дрвја, туку затоа што вози на алтернативни извори на енергија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе