Што кажува вашиот фрижидер за вас?
Во време кога живееме во пандемија, закана по здравјето на секој од нас, важно е како се храниме. Во многу земји имаше воведено карантини и други рестрикции на движењето, па чувањето резерви храна за неопределен временски период стана наше секојдневие.
Пред да почне пандемијата, германската фотографка, дизајнерка и поборник за здрава исхрана Сандра Јуникер направи несекојдневно фотографско истражување во кое во текот на неколку години ги документираше фрижидерите во различни типови на домаќинства и заедници ширум светот.
Резултатот е неверојатен и покажува дека содржината на нашиот фрижидер навистина кажува многу за нас. Ок, барем за нашите прехранбени навики и организациски способности.