Што кажува за вас навиката да го местите креветот наутро?

Ако немате навика да го местите креветот наутро, а сакате да ја усвоите, ова е рецептот: научниците велат дека потребни се 66 дена за една задача да стане навика и рутина.

Местењето на креветот после спиење не одзема многу време, но некои луѓе сепак ја оставаат постелнината растурена. Некои го сметаат средувањето за бесмислена работа и губење време затоа што и онака ќе бидат повторно во кревет на крајот од денот, други се едноставно мрзливи, други секогаш стануваат предоцна и доцнат...

И оние кои секое утро уредно го местат креветот имаат свои причини зошто го прават тоа - им се допаѓа кога спалната соба е уредна, навикнати се од детството, сите го прават тоа...

Местењето на креветот по будењето има многу подлабоко значење од самата навика. Експертите тврдат дека вредното тегнење на чаршафите секое утро, плескањето на перниците, уредното редење јоргани, ќебиња и покривачи, за тие луѓе го кажува следново:

1. Сакаат да се чувствуваат корисно

Со местење на креветот наутро го добиваат првото чувство дека биле корисни тој ден, исполниле една задача... Затоа и го започнале работниот ден веќе малку горди на себе и сакаат да го задржат тоа чувство во текот на денот. Затоа до вечер ќе се обидат да завршат уште некои задачи, бидејќи така се чувствуваат добро.

2. Состојбата на креветот е состојба на умот

Постои израз дека креветот е одраз на човекот - уреден кревет, уреден живот. Оние кои сакаат наместен кревет, сакаат да имаат ред во животот. Луѓето кои не го средуваат креветот добро се справуваат во хаосот и тој не им прави толку голем проблем како што им прави на „уредните“.

3. Одраз на среќа и продуктивност

Во споменатото истражување, 71 отсто од луѓето кои го местат креветот секое утро изјавиле дека се среќни, а 62 отсто од оние кои не го местат креветот признале дека се несреќни. Експертите претпоставуваат дека првите повеќе уживаат во работата, редовно вежбаат и повеќе спијат.

4. Сакаат да ја задржат контролата

Луѓето кои редовно го местат креветот по будењето сакаат да го имаат животот под контрола, а креветот е само еден детаљ во таа сложувалка.

5. Подготвени се за непријатни работи

Некои луѓе го местат креветот иако не им се допаѓа затоа што потсвесно се подготвуваат да се соочат со работите што би сакале да ги избегнат, но не можат - на пример, работа што мразат да ја работат, непријатен разговор со пријател…

Ако немате навика да го местите креветот наутро, а сакате да ја усвоите, ова е рецептот: научниците велат дека потребни се 66 дена за една задача да стане навика и рутина.

Исто така има и поддржувачи на несредените кревети. Тврдат дека е поздраво бидејќи постелнината е подобро проветрена непожелни алергени и бубачки. Научниците одговараат дека се доволни околу 20 минути за да се проветри креветот, па така ова „оправдување“ не „држи вода“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Живот

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more
 

Магазин

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Читај повеќе

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Читај повеќе

Зошто корпите за алишта имаат дупки?

Читај повеќе

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Читај повеќе

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Читај повеќе