
iPhone 13 годинава треба да пристигне значително порано, а почнуваат да протекуваат и информации кои откриваат што можеме да очекуваме во поглед на неговите карактеристики.
Во новото ексклузивно видео, познатиот јутубер Филип Корој познат како Everything ApplePro, открива дека камерите во целиот опсег на iPhone 13 ќе се разликуваат помеѓу iPhone 13 Pro и iPhone 13 Маx. Apple ќе понуди и значителни аудио подобрувања на новите телефони.
Корој наведува дека големината на објективите на камерите на iPhone 13 Pro ќе биде малку помала од oние на iPhone 13 Max. Покрај ова, големината на микрофоните ќе биде двојно поголема. Димензиите на новите микрофони ќе биде 2,44 mm, повеќе од двојно од 1,15 mm кај iPhone 12 Pro и iPhone 12 Маx.
Информациите откриваат и 5G од модерната наредна генерација, целосно ново WiFi, надградба на MagSafe и зголемена ефикасност на напојувањето, како и ProMotion дисплеи со 120 MHz за iPhone 13 Pro.