Утре ќе биде претставен новиот Xiaomi Mi Mix 4, a сега се појавија рендери кои го открија неговиот изглед.
Претходните тизери навестуваа дека паметните телефони ќе имаат селфи камера под екранот, но сега компанијата објави уште два кратки видеа кои откриваат уште повеќе детали.
Освен екранот кој го покрива целиот преден дел на телефонот, ќе има сличен распоред на камери како кај моделите Mi 11 Ultra. Се очекува дека ќе има главна камера од 108 MP, перископски објектив и уште една ултраширока камера.
Другата можност е дека ќе има главна камера од 50 MP со Samsung ISOCELL GN1 сензор, меѓутоа ќе дознаеме повеќе детали утре.