Што ќе гледаме на Скопје Синема Сити 007?

Фестивалот на музички документарци  Скопје Синема Сити ќе го одржи седмото издание.

Фестивалот ќе отвори со уметничкиот филм „Кога ќе се родиме“, посветен на филмскиот композитор Олафур Арналдс, во режија на Винсент Мун.

„Секое издание на Скопје синема сити го отвора филм за одреден уметник, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа е Олафур Арналдс, кому му ја испративме наградата на Исланд“, велат организаторите на настанот.

Skopje Cinema City film festival awards composer Ólafur Arnalds for his Outstanding contribution to film and music. This...

Posted by Skopje Cinema City - Фестивал на музички документарни филмови on Monday, September 13, 2021

Филмот раскажува човечка приказна базирана врз животот на Арналдс. Снимен е на локации во Исланд минатото лето и истражува теми како ритуали, односи и внатрешни пејзажи преку музиката од последниот албум на Олафур „Some kind of peace“.

Вториот филм „Birth of the cool“ е биографија за џез уметникот Мајлс Дејвис, во режија на Стенли Нелсон.

„Оваа година се навршуваат 30 години од смртта на овој уметник чие име е синоним за џез-музиката. Мајлс е човек кој со својата музика и добар вкус неколкупати го менувал текот по којшто се движела музиката и неговите успеси, живописен живот и карактер се тема на овој двочасовен филм“, велат од Скопје синема сити.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје во соработка со Кинотеката на Северна Македонија, Гете Институтот и фондацијата „Милан Младеновиќ“. Визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот ќе се организира во два блока, од 18 до 19 септември и од 20 до 21 септември. Сите проекции ќе почнуваат во 19 часот, а билетите ќе можат да се набават само на касата на Кинотека.

Програмата за настанот изгледа вака:

📅 18.09.2021
⏰ 19.00
⭐️ Олафур Арналдс: Кога ќе се родиме (IS)

Remote video URL

⏰ 19.30
⭐️ Miles Davis: Birth of the Cool (USA)

Remote video URL

📅 19.09.2021
⏰ 19.00
⭐️ Vidi Vaka Fames 3 мин
⭐️ Vidi Vaka Канун 3 мин
⭐️ The Hip: Brainstorm (MK)

⏰ 20.30
⭐️ Б-филм: Копнеж и звук во Западен Берлин 1979-1989 (ГЕР)

📅 21.09.2021
⏰ 19.00
⭐️Трагачи по звукот (МКД)

⏰ 19.30
⭐️ Angel’s Breath (Милан Младеновиќ и Суба) – Praia no Ventu Eternu (СРБ)
⭐️ Кирил Џајковски – Современа музика за современото доба (МКД)

⏰ 20.10.2021
⭐️Primal Scream: Изгубените снимки од Мемфис - 58 мин. (ГБР)

📅 22.09.2021
⏰ 19.00
⭐️ Кејт Буш: Трчајќи нагоре по ридот
20.00 (ГБР)
⭐️ Марк Болан: Космичкиот танчер (ГБР)

реклама

Ако станам премиер ќе го екстрадирам Груевски во Македонија, најави лидерот на унгарската опозиција

Read more

Која храна е најштетна за цревата?

Read more

Колку соларни панели му се потребни на едно домаќинство?

Read more

ЕУ драстично ја казни Полска: Варшава мора да плаќа милион евра дневно

Read more

Филм & ТВ

Кои се правилата за користење оружје на филмските сетови?

Read more

Прва прес-конференција за инцидентот со Болдвин, полицијата нема уапсено никого

Read more

15 најдобри филмови со Кијану Ривс

Read more

Препорака за филм: Трилерот „The Trip“ на Netflix ветува адреналинска забава

Read more
 

Сцена

Кои се правилата за користење оружје на филмските сетови?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прва прес-конференција за инцидентот со Болдвин, полицијата нема уапсено никого

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најдобри филмови со Кијану Ривс

Читај повеќе
  • play_arrow

Препорака за филм: Трилерот „The Trip“ на Netflix ветува адреналинска забава

Читај повеќе
  • play_arrow

„The Crown“ продолжува со контроверзиите и во новата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

„Dune“ ќе добие втор дел, познат и датумот на премиерата

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за „The Unforgivable“ со Сандра Булок

Читај повеќе

Кијану Ривс им подари Rolex часовници на каскадерите во „John Wick“  

Читај повеќе
  • play_arrow

ABBA ја објави третата нумера од новиот албум

Читај повеќе