Што ќе гледаме на Скопје синема сити викендов?

Оваа сабота, на 19 септември, во дворот на Кинотека на С. Македонија, ќе започне првиот дел од шестото издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје синема сити.

Овој викенд премиерно ќе бидат прикажани 4 филмови кои се тематски поделени во 2 дела.

Фестивалот ќе се отвори со филмот „Декади“ на режисерот Мајк Кристи за бендот Њу Ордер кои се артисти во фокус на фестивалот. Филмот е приказ на нивниот проект со Манчестерскиот Интернационален Фестивал каде се случуваат уметнички инсталации и проекти и филмот е истовремено полуконцертен и полудокументарен филм за оваа соработка и серија настапи по европските градови. Истата вечер, ќе биде прикажан филмот „Изнесено на виделина“ за познатиот уметнички фотограф и режисер Антон Корбејн. Филмот е биографски и го следи како соработува на фотосесии со бендови како U2, Depeche Mode, или на сцена додека ги режира филмовите како „Контрола“ и „Американецот.“

Втората вечер, на 20 септември, е џез вечер и ќе бидат прикажани филмовите за Ли Морган „Го викав Морган“ и „Бил Фрисел: Портрет“. Ли Морган бил еден од најталентираните џез трубачи со блескава кариера и џез изданија кои се сметаат за антологиски. Меѓутоа неговата кариера била запрена кога бил убиен од сопругата. Ова е емотивен филм за како една блескава кариера дошла до својот крај и луѓето кои биле инволвирани во оваа приказна.

Remote video URL

Бил Фрисел е еден од најпознатите и најпочитувани џез гитаристи. Овој интимен портрет на режисерката Ема Франц е сниман неколку години додека Фрисел работел на неколку различни проекти. Овој повеќекратен добитник на наградата Греми и редовен добитник на наградата „Гитарист на годината“ кој го доделува џез часописот Downbeat, се смета за најиновативниот и највлијателен американски џез гитарист во последните четири децении.

Remote video URL

Помеѓу овие два филма ќе следи настап на реномираниот џез гитарист Сашо Поповски. Поповски е професор по гитара на универзиттеот „Гоце Делчев“ во Штип, директор на Jazz Factory фестивалот во Битола, а наскоро треба премиерно да го објави својот нов албум „Fallen Land” за етикетата на Скопскиот Џез Фестивал.

Карти за проекциите ќе можат исклучиво да се набават на касата на Кинотека.

Фестивалот е организиран согласно здравствените протоколи.

Вториот дел од фестивалот ќе се организира на 2 и 3 октомври.

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје во соработка со Кинотека на С. Македонија и е помогнат од Агенцијата за филм на РСМ.

реклама

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе