Што ќе понуди третиот Скопски поетски фестивал во богатата програма?

Третото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот  24 до 28 септември на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.

Ќе гостуваат поети од Данска, од Малта, од Франција/Сирија, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и над 50 домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 27. септември во 20:00 часот во МКЦ со настанот наречен „Воздух. Ветер. Дишење.“

Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, изложба на фотографии, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација.

Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Бест Вестерн Хотел Турист. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а медиумски партнер е „Култура Бета“.

СКОПСКИ ПОЕТСКИ ФЕСТИВАЛ  2023 ‒ ПРОГРАМА:

ПРЕДНАСТАН:

24.09.2023.

Кафе-книжарница „Буква“ | 20:00

„Отскочна даска“ – настан за млади поети на возраст од 16 до 25 години. Ќе читаат: Ангела Бошкоска, Сатја Александар Давитков, Софија Добревска, Дамјан Златановски, Христијан Илиевски, Дарија Јовановска, Макрина Јорданова, Марко Иван Кочишки, Ива Петреска, Теодора Прокоповска, Милена Сиљаноска, Стефан Спасевски, Пепи Стамков, Сара Стојановска и Методија Тасевски.

„Неисцрпен ‒ tribute to Бошко Бозаџиевски“ (15 години од смртта) – поетско-музички перформанс на ВИС „Тркалезна маса“.

27.09.2023.

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје (конгресна сала) | 11:00

• Мастерклас/работилница за креативно пишување поезија, што ќе ја одржи Имануел Мифсуд, поет и универзитетски професор од Малта, наменета за млади.

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 18:00

Промоција на „Ново раѓање на зборот (антологија на младата македонска поезија)“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски со поетско читање на застапените млади поети и поетеси. Ќе читаат: Калиа Димитрова, Михајло Свидерски, Павлина Атанасова, Моника Стојановска, Диме Данов, Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски, Викторија Ангеловска, Марија Велинова, Иван Иванов, Стефан Костовски, Марија Грубор, Никола Дуковски, Сара Ѓорѓијоска, Благица Трајкоска, Софија Тодороска, Марија Јанчевска, Марија Ангеловска, Горазд Китановски ‒ Кени, Никола Наумовски, Филипа Сара Попова, Пепи Стамков, Љубица Петровска, Сатја Александар Давитков, Емануела Ковачевска Китановска, Дамјан Златановски, Јована Стаматовска, Макрина Јорданова, Драгана Стојадиновска и Андреј Ал-Асади.

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“)  | 20:00

• ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРАЊЕ: „ВОЗДУХ. ВЕТЕР. ДИШЕЊЕ.“

Учесници: Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова Шопова, Драгослав Дедовиќ, Лана Деркач, Ален Брлек, Марам ал-Масри, Имануел Мифсуд и Мартин Глаз Серуп. Читањето ќе биде придружено со музичка импровизација на дувачки инструменти. Ќе свират Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски и Владимир Лукаш.

28.09.2023.

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, Скопје (спомен-соба „Т’га за југ“) | 11:00

Out & About ‒ панел дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност надвор од границите на земјата преку преводи и учество на книжевни фестивали – искуства ќе споделат издавачи, автори и организатори на литературни фестивали. Ќе учествуваат: Билјана Црвенковска, Тодорче Тасевски, Владимир Јанковски, Петар Андоновски и др.

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 18:00

Промоција на „Избор из савремене македонске поезије“, приредила и препеала на српски – Валентина Бакти. Поетски перформанс и кус разговор со приредувачката Валентина Бакти и со Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, како и поетско читање на дел од застапените поети: Јовица Ивановски, Владимир Мартиновски, Тихомир Јанчовски, Тони Попов, Јосип Коцев, Наташа Сарџоска и Ненад Јолдески.

• Отворање на изложба фотографии на Радмила Ванкоска (портрети на поетите застапени во изданието).

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 19:00

• Проекција на поетски филмови:

‒ „Кршливоста е дар, смртта е нестабилна, а светот е жеден за збор“ („Рањивост је дар, смрт је нестабилна, а свет је жедан речи“) ‒ филм на Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур.

‒ Омнибус четири анимирани филмови НЕБИДНИНА, посветени на поезијата на Ацо Шопов: „Долго доаѓање на огнот“ во режија на Жарко Иванов, „Грозомор“ во режија на Крсте Господиновски, „Небиднина“ во режија на Иван Ивановски и „Во сонот на црната жена“ во режија на Владимир Лукаш.

Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“) | 20:00

• Интернационално поетско читање

Учесници: Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта), Лана Деркач (Хрватска), Мартин Глаз Серуп (Данска), Николина Андова Шопова (Македонија), Драгослав Дедовиќ (Србија) и Ален Брлек (Хрватска).

• Краток музички концерт на Александар Бошков (гитара).

25 – 28.09.2023.

Градски парк, Скопје | 09:30 ‒ 10:15

• Утринска јога со поетска медитација водена од Марија Георгиева.

реклама

Како да се ослободите од мувлата што се лепи на силиконот во веце?

Read more

Што да направите во случај да ви прегрее моторот на автомобилот?

Read more

Колку чекори дневно треба да правите за да бидете фит?

Read more

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Read more

Култура

Мултимедијален алтернативен фестивал Гига фест во Крива Паланка

Read more

Струшките вечери на поезијата ќе се одржат од 22 до 26 август со мотото „Допир на убавината“

Read more

Концерт на Национален џез оркестар и Васил Хаџиманов во Охрид

Read more

Од вечерва европски филмови во Охрид под ѕвездите – стартува новото издание на Beach Film Festival

Read more
 

Вести

Од Скопје до Софија ќе се стигнува за два и пол часа, до Нова година готов експресниот пат Ранковце – Крива Паланка

Читај повеќе

Ненадеен раст на педофилски содржини генерирани од вештачка интелигенција

Читај повеќе

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за шверцување разна стока

Читај повеќе

Камала Харис ја обезбеди неопходната поддршка за изборите

Читај повеќе

Што кажа шефицата на Тајната служба по обидот за атентат врз Трамп?

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Раст на Волстрит, во фокус и кандидатурата на Камала Харис

Читај повеќе

Сите ајкули тестирани на кокаин во Бразил биле позитивни

Читај повеќе

Како ЕУ ќе го „казни“ Орбан за неговата самопрогласена мировна мисија?

Читај повеќе