Што ќе се случи ако еден месец не јадете шеќер?

Ф.З.
/ 24.03.2025 / 13:23

Дали сте во дилема да се обидете да го исфрлите шеќерот од исхраната барем една недела?

Сите сакаме слатки, но не сфаќаме дека шеќерот е голем непријател на нашето здравје. Кога ќе се исфрли од исхраната, се случуваат значителни промени.

Природните шеќери кои се наоѓаат во овошјето, млекото и другите намирници не се штетни, добри се за вашето здравје и можат да се консумираат во поголеми количини со храната наведена погоре.

Индустриски преработените и рафинирани шеќери претставуваат голема опасност. Ако ги исфрлите од вашата исхрана, можете драстично да го подобрите вашето здравје и лесно да ги замените во вашата исхрана со природни замени за шеќер како мед, стевиа или јаворов сируп.

Се разбира, ова е полесно да се каже отколку да се направи. Но, одлуката е важна и со едноставно исклучување на шеќерот од вашата исхрана ќе спречите најголем дел од штетата што ја предизвикува, а долгорочните ефекти можат да бидат импресивни.

Ако одлучите да го прифатите предизвикот и да се откажете од шеќерот, ќе доживеете многу позитивни промени. По еден месец без шеќер, вашата желба за слатки ќе исчезне, а наместо тоа ќе ви се зголеми желбата за протеини и лиснат зеленчук.

Ако останете без преработени шеќери во текот на целата година, вашето здравје ќе се подобри. Вашето тело ќе се прилагоди на работа со основните хранливи материи и најверојатно ќе изгубите тежина.

Имајте на ум дека како дел од овој начин на живот повремено можете да се препуштите на нешто благо. Целта е најчесто да се храните здраво, но доколку повремено внесувате сладок исклучок во вашата исхрана, тоа не треба да биде пречка на патот до вашата цел. На крајот на краиштата, важно е просечниот внес на калории.

Доколку одлучите да го прифатите предизвикот и да се откажете од шеќерот, ова се позитивните промени кои ќе ви се случат како резултат на тоа.

Тежината ќе ви се стабилизира

Зависноста од шеќер е вистинска. Колку повеќе јадете, толку повеќе копнеете, особено ако јадете многу преработени шеќери кои се наоѓаат во масна, брза храна и храна богата со јаглени хидрати. Ако го намалите внесот на шеќер, вашето тело ќе ви се заблагодари бидејќи нема да мора да се бори со несаканите дополнителни калории. Отпрвин ќе почувствувате силна желба за благо, но штом телото ќе се исчисти од вештачки шеќери, повеќе нема да бидете постојано гладни, ќе ослабете, а тежината ќе ви се стабилизира.

Ќе имате повеќе енергија

Кога сме уморни, често консумираме храна или енергетски пијалаци кои содржат големи количини шеќер, бидејќи сакаме нешто брзо да нè крене. Иронично, ние всушност ги лишуваме нашите тела од потребната енергија. Имено, целиот шеќер што го консумираме ја блокира способноста на нашето тело да ја одржува енергијата на максимално ниво. Затоа, кога сте уморни, не посегнувајте по чоколади или пијалаци со многу кофеин и шеќер. На овој начин, ќе избегнете големи покачувања и падови на шеќерот во крвта, што всушност прави да се чувствувате уморни.

Тагови
реклама

Рисицата Благица ги израдува македонските еколози

Read more

Нови цени на горивата од полноќ

Read more

Иран го возвраќа ударот: Со дронови нападнати американските воени бродови во Оманскиот Залив

Read more

Сидни Свини осамна целосно гола во новата епизода од Euphoria

Read more

Фит

Што се случува во телото ако јадете ист оброк секој ден?

Read more

Колку се здрави протеинските прашоци?

Read more

Видови активности што се поефикасни за губење на тежината од пешачењето

Read more

Како да препознаете дали на вашето тело му недостасуваат протеини?

Read more
 

Магазин

Дали е безбедно да се земаат куркума и мед заедно?

Читај повеќе

Каде треба да стои филодендронот во вашиот дом за да привлекува љубов?

Читај повеќе

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадете ист оброк секој ден?

Читај повеќе

Колку се здрави протеинските прашоци?

Читај повеќе

Ослободете се од болките во грбот: Десетминутната рутина што ќе ви го промени животот

Читај повеќе

Психолог тврди дека има едно нешто што ви треба повеќе во врската од љубовта

Читај повеќе

Видови активности што се поефикасни за губење на тежината од пешачењето

Читај повеќе
  • filter

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Читај повеќе