Што ќе се случи ако приклучите 100 полначи во телефонот?

Светот на технологијата е како создаден за разни експерименти, измени и прилагодувања.

Секој кој знае барем малку да „чепка“ во гаџети се обидел да направи некаква измена за да работи уредот подобро, побрзо, со повеќе функции... Токму таква идеја имал овој технолошки ентузијаст кој реши да се забавува со необичен експеримент од типот „Што ќе се случи?“.

Јутјуберот кој стои зад каналот Tech Rex одлучи да тестира дали има разлика во полнењето на два iPhone уреди ако едниот е вклучен во сто полначи, а другиот во само еден.

Па така, тој спои сто адаптери во струја и потоа ги залеми за да ги внесе во еден влез. За тестот користеше два телефони iPhone 6S. На едниот Battery Health беше 84%, и на тој поврза сто полначи. На другиот Battery Health беше 85%, а на двата ја исклули опцијата за оптимизација на полнењето.

Чекаше на двата телефона целосно да им се испразнат батериите, односно да се исклучат телефоните, па ги стави да се полнат.

Кога го вклучи првиот телефон на сто полначи, веднаш се појави логото на Apple. Ја вклучи функцијата Airplane Mode и го засили светлото на екранот до максимум.

По некое време, телефонот поврзан на сто полначи имаше 50% батерија, а другиот телефон 39%. Сепак, телефонот на еден полнач за кратко време го „стигна“, па додека овој iPhone на 100 полначи стигна до 97%,  другиот достигна 93%.

Заклучокот на експериментот е, се разбира, дека не е важно колку адаптери се споени и поврзани - телефоните се полнат повеќе или помалку за исто време, па едноставно не би вредело да се вложат напори за сечење, лепење и монтирање на сто полначи (да не спомнувам дека би било прилично скапо).

Remote video URL
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе