Што ќе се случи ако ве убоде азиски смртоносен стршен?
Како стравот од пандемијата со коронавирусот да не беше доволен, пред десетина дена стигна веста дека за првпат досега смртоносни стршени од Азија, кои се долги повеќе од 5 сантиметри, стигнале до САД и сега постои страв дека овој вид би можело да се насели на северноамериканскиот континент.
Научниците потсетуваат дека во Јапонија секоја година од убод на стршени-убијци страдаат 50 луѓе. Овие стршени имаат „очи како Спајдермен, портокалови и црни линии кои минуваат низ телото како кај тигар и широка вилица и крилја како кај мал змеј“, пишува The New York Times.
Но, што всушност се случува ако ве убоде азиски смртоносен стршен?