Што ќе се случи со телото ако правите 10.000 чекори дневно, а што ако трчате секој ден?

А.С.
/ 26.04.2022 / 08:43

Сигурно не треба да ве потсетуваме колку е важно да бидете физички активни, првенствено за вашето здравје, а секако и за кондиција и добар изглед.

Долго време се дебатира околу ефикасноста на правењето 10.000 чекори дневно за здрав живот и слабеење, додека некои ќе ви кажат дека без трчање нема слабеење,

Јутјуберот Џексон Дежарден пред неколку години успеа да си го трансформира телото. Пешачењето му помогнало да изгуби 50 килограми и да го доведе телото во форма.

„Пешачењето е една од моите омилени активности. Тоа е одржливо“, вели тој во видеото што го објави на YouTube.

Дежарден вели дека лесно е да се направат 10.000 чекори дневно ако имате големо и активно куче.

„Пешачењето ќе го направи посреќно, а вие ќе бидете поздрави. Тоа е одличен начин да добиете витамин Д“, додаде тој.

И дури и ако немате куче, можете да пешачите. Заменете го патувањето со јавен превоз со пешачење.

Наместо да поминува еден час дневно во пешачење, Дежарден препорачува три или четири пократки прошетки од 15 минути секој ден.

Remote video URL

Горан Винблад, пак, се осмели да се соочи со многу тежок предизвик. Тој трчаше секој ден во текот на една година и сфати дека тоа поволно влијае на неговото психичко и физичко здравје.

„Дури и да трчам само 10 или 20 минути, работам подобро и повеќе сум фокусиран на работата, доколку денот го започнам со физичка активност“, вели тој.

Оттогаш, тој ја продолжи оваа серија и трчаше цели 850 дена без ниту еден слободен ден.

„На некој кој штотуку почнал да трча, дефинитивно не би препорачал да го прави тоа секој ден бидејќи трчањето врши притисок врз зглобовите, мускулите и тетивите. Но, тоа не значи дека е лошо за вас, туку само треба да му даде време на вашето тело да се прилагоди и да станете доволно силни“, објасни тој.

И самиот сфатил дека му треба пауза. Затоа, по ова искуство, тој претпочита активно закрепнување.

„Нашите тела побрзо закрепнуваат ако ги стимулираме мускулите, а тоа го правиме користејќи ги. Затоа гледам дека пократките и полесни тренинзи подобро го обновуваат моето тело отколку воопшто да не се движам“, заклучил тој.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фит

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more

Редоследот по кој ја јадете храната може да ви помогне да не се здебелите

Read more

Промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more

Најдоброто време од денот за вежбање: Го намалува ризикот од рана смрт за 61%

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе