Што ќе се случи во вашето тело ако јадете повеќе протеини?
Сите мускули, органи и ткива се создадени од протеини и затоа протеините имаат важна улога во вашиот секојдневен живот.
Протеините се како градежни блокови за нашите органи, мускули, кожа, хормони и речиси сè што е дел од нашето тело. Токму поради тоа е важно да се консумира храна богата со протеини во секој оброк. Според препораките на стручњаците треба да внесувате 0,8 грама по килограм од вашата телесна маса, што во просек изнесува околу 46 грама за жените.
Во новото видео на Body Hub дознајте зошто треба да јадете храна која е богата со протеини и што ќе се случи во вашето тело доколку ја зголемите количината на протеини.