Што ќе се вози во Русија: Москва како Хавана?

Некои предвидуваат колапс на автомобилската индустрија и колапс на системот, па многумина се прашуваат дали Москва ќе личи на Хавана, барем кога станува збор за возниот парк.

Очигледно не, велат најновите предвидувања. Освен што Русија има сопствени ресурси во производството на автомобили, се поизвесно е дека во наредните недели ќе се консолидира домашното производство. Сепак, заминувањето на главните светски играчи веќе покажува значителни последици.

Пад на производството до 97 проценти

Така, последните официјални податоци беа оние за мај, според кои производството на патнички автомобили во мај паднало за 96,7% во однос на истиот месец лани. Произведени се само 3.700 автомобили. Да потсетиме, во февруари во Русија беа произведени 108.000 автомобили, а потоа во март, како директна последица од воведувањето на санкциите, производството падна на 40.800 единици, наведува Index.hr.

Во текот на јули, Avtovaz како најголем домашен производител објави дека започнал со производство на уште еден модел (Niva), а наскоро се очекува да бидат отворени дополнителни линии.

Во првите пет месеци Русија произведе 268.000 автомобили, што е пад од 56,4 отсто во однос на истиот период во 2021 година. Интересен е податокот дека производството на камиони во истиот период падна за само 12 отсто. Да потсетиме, руската автомобилска индустрија вработува околу 300.000 работници, но поддржува и околу три милиони подизведувачи.

Веројатно е мало закрепнување

Според проекциите на Trust Technologies, продажбата на нови патнички автомобили ќе падне за 28% во 2022 година. Се разбира, во зависност од макроекономската ситуација, сè може драстично да се промени.

Така, во песимистичко сценарио со дополнително засилени санкции, глобално полоша макроекономска ситуација, масовен егзодус на странски компании и намален увоз, вкупниот пад, вклучувајќи ги и лесните возила за испорака, може да достигне 50%.

Прогнозите за 2022 година велат дека продажбата во Русија ќе опфати 227.000 автомобили од руско производство, 688.000 странски автомобили собрани во Русија и само 175.000 увезени автомобили.

Минатата година во Русија беа продадени нешто повеќе од 1,5 милиони нови возила.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе