Што ќе случи во вашето тело кога ќе се откажете од пивото?

Можеби досега не сте размислиле да престанете да пиете пиво, но ефектите врз организмот може да им се допаднат на многумина.

Елиминирањето на пивото може да има големи здравствени придобивки за организмот дури и ако не сте некој што пие пиво секој ден. Еве што сè ќе се случи во организмот кога ќе се откажеме од пивото.

Порамен стомак

Редовно пиење пиво може да резултира со зголемување на телесната тежина и т.н. пивски стомак. Добрата вест е дека е полесно да се израмни стомакот откако ќе престанете да пиете пиво.

Кога ќе се откажете од пивото, го намалувате бројот на калории што ги внесувате во организмот. Исфрлајќи го пивото, можете да спречите и прејадување, бидејќи алкохолот го отвора апетитот. Покрај тоа, ќе спречите надуеност што се јавува како резултат на јаглехидратите во пивото.

Пивото, како и секој друг алкохол, може да предизвика воспаление и да ја наруши рамнотежата на микробите во дигестивниот тракт. Ова предизвикува иритација, што пак предизвикува надуеност.

Подобрена функција на црниот дроб

Црниот дроб е шокантно отпорен орган, но тоа не значи дека треба да му ги тестирате границите. Консумирањето алкохол го оштетува црниот дроб, но кога ќе престанете да го пиете тој се регенерира и може да им се посвети на своите други задачи како што се разградување на токсините и метаболизам на мастите.

Губење тежина

Со алкохол доаѓаат празни калории, вие не сте сити со нив, но тие сепак ви се „лепат“. Затоа има смисла да се елиминира алкохолот за да се избегне зголемување на телесната тежина.

Помирен сон

Сите видови алкохол може да предизвикаат проблеми со спиењето. Колку поблиску спиете до пиење алкохол, толку е поголема веројатноста да не спиете добро. Само два алкохолни пијалоци на ден се доволни за нарушување на спиењето во следните 24 часа.

Побистра глава

Откажувањето од пивото може да спречи микрототоксини и тешки метали, кои понекогаш можат да залутаат во пиво за време на производството, да ја нарушат работата на мозокот. Иако ги нема многу од овие елементи и ги нема во секое пиво, има луѓе кои се исклучително чувствителни на нив. Внесувањето на овие елементи може да предизвика како што се главоболки и губење на меморијата.

Ако сепак не можете целосно да се откажете од пивото, секако барем внимавајте да го пиете во разумни количини и да бидете одговорен учесник во сообраќајот кога сте испиле и една чаша.

Тагови
реклама

Зошто Германците ќе ги климатизираат патиштата?

Read more

За ова гледаме Олимпијада: Со договор, две злата за скок во височина

Read more

Астероидот што ги сотре диносаурусите бил видлив една година пред да ја удри Земјата

Read more

Шоферски дилеми: Дали смеете да прескокнувате брзини?

Read more

Здравје

И вакцинираните може да го пренесат делта сојот

Read more

Брокулата е идеална за детоксикација на организмот

Read more

Пиењето шест кафиња на ден сепак е штетно за здравјето

Read more

Најчестите симптоми на корона кај оние кои биле вакцинирани, а потоа се заразиле

Read more
 

Магазин

Цвеќињата за олимписките победници имаат специјално значење

Читај повеќе

И вакцинираните може да го пренесат делта сојот

Читај повеќе
  • play_arrow

Брокулата е идеална за детоксикација на организмот

Читај повеќе

Мали тајни на големите љубовни приказни

Читај повеќе

Рецепт на денот: Солени бомбици со туна

Читај повеќе

Колку треба да пешачите дневно за да почнете да слабеете?

Читај повеќе

Пиењето шест кафиња на ден сепак е штетно за здравјето

Читај повеќе

Најголеми опасности за децата што се кријат во дворовите и парковите

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги „светнете“ валканите патики да изгледаат како нови?

Читај повеќе