Што ќе значи декриминализација на употребата на дрога во пракса?

Декриминализација на употребата на дрога, но само преку модел што ќе биде креиран со вклучување на вистинските познавачи и ќе обезбеди контрола на конзумирањето, но и програми за помош, поддршка и ресоцијализација на корисниците и зависниците, како и дестигматизација на општеството кон оваа проблематика, порачаа денеска учесниците на меѓународната Конференција за модели на регулација на дроги, што се одржува онлајн, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС – опции за здрав живот.

Според искуствата од португалскиот и холандскиот систем, декриминализацијата во пракса значи поместување на фокусот од полициски и судски политики кон здравствено-социјалниот систем, што креира поддржувачка средина за потребните здравствени и социјални интервенции за луѓето кои употребуваат дрога.

Министерот за здравство Венко Филипче, на отворањето на конференцијата рече дека декриминализацијата е многу комплексно прашање, кое само со инклузивен процес на сите институции, граѓански организации и вистински познавачи ќе дадат успешен процес, што ќе спроведе контрола на конзумирањето и ќе го канализира системот на санкционирање и на крајот ќе решение што ќе може да се имплементира.

– Лично ја поддржувам декриминализацијата и понатаму сметам дека една политика може да биде успешно имплементирана само доколку процесот на креирање бил инклузивен и ги вклучил апсолутно сите чинители на кои се однесува и бидеме упорни во имплементацијата, затоа што и идеално решение ако не се имплементира добро нема да го даде посакуваниот ефект, изјави Филипче.

Многу земји, посочи тој, имаат различен пристап по ова прашање, од јасна експлицитна толеранација до ригидна прохибиција.

– Има неколку предизвици. Прво колку се разликува политиката што сакаме да ја имплементираме во однос на постоечката, понатаму колку би се зголемил или намалил степенот на консумација со новата политика и какви последици има кон тие на кои се однесуваат политиките, но и на општеството. Во таа смила сметам дека измената на законите треба да биде синхронизирано од секој аспект. Од здравствен, од социјален и секако Министерството за правда со законите во оваа сфера мора да биде координиран процес, изјави Филипче.

Посочи дека со законските измени во делот на медицинска употреба на канабисот, од медицински аспект, на Фармацевтскиот факултет драстично се зголемил бројот на заинтересирани специјализанти во оваа сфера, нешто што до тој момент го немало.

Министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, рече дека не треба да приоѓаме од позиција на санкционирање, туку како Министерството би ќе се вклучи во менаџирање на состојбите доколку се направи декриминализација.

– МТСП и сега дава поддршка преку креирање политики и годишни програми за поддршка и активности за лицата кои се вклучени во системот како корисници на дроги, но оваа пракса треба да се надоградува. МТСП за 2020 година преку посебна програма овозможи услуга за 30 корисници во Центар за социјална рехабилитација на лица кои се корисници на дроги, изјави Шахпаска.

Министерството, посочи таа, преку улогата на социјалните претпријатија, во кои ќе бидат вклучени маргинализирани лица, вклучително и корисници на опојни дроги, може да помогне за социјална и економска инклузија на овие граѓани.

– Ние како политичари, со поддршка на граѓанските организаиции треба да работиме на сузбивање на стигмата во ооштеството кон овие луѓе. Како МТСП секако ќе учествуваме во дебатата за изнаоѓање најдобар модел на декрминиалзаиција на дроги и верувам дека ќе го избереме најдобриот модел за нашето општество, изјави Шахпаска.

Според Влатко Деков, експерт за политики за дроги при ХОПС, кој во рамки на панел дискусијата „Кои се здравствените и социјалните придобивки од моделите на декриминалција?“ понуди анализа на португалскиот и холандскиот модел на декриминализација, нагласи дека во последните неколку децении употребата на дроги во целиот свет постојано се зголемување, наспроти строгите рестриктивни политики, поради што се повеќе земји воведуваат политики на декриминализација на дроги.

Португалскиот модел, појасни Деков, освен декриминализација на набавка, поседување и употреба на сите видови дроги во количина за десет дена, се базира и на претпоставката дека луѓето кои употребуваат дриги се граѓани на кои им треба поддршка и помош од здрвствен и социјален аспект и нуди сет на политики – здравствени, социјални и за почитување на човековите права.

– Португалското законодавство не предвидува казни за поседување дрога за лична употреба. Како што е наведено во Законот за декриминализација, тој претставува правна рамка на употребата на наркотици и психотропни супстанци насочена кон здравствената и социјална благосостојба на корисниците на овие супстанци, што е сосема спротивно од нашиот закон, каде како прва цел е наведено спречување и сузбивање на злоупотреба на опојни дроги и психотропни супстанци, изјави Деков.

Темел на португалскиот модел, рече Деков, е Комисијата за разубедување, каде секој кој е фатен со некое количество за лична употреба, почнува со програма за подигање на свеста за користењето на дроги и сите можни опции за поддршка,  што е многу поразлично од идење на суд и не е извор на социјална стигма.

– Клучни резултати од португалскиот модел се намалување на употребата на дроги кај општата популација на возраст од 15 до 64 години, намалување на бројот на проблематични корисници на дорга и зголемен број на пријави за лекување и намалување на смрсноста поврзана со употреба на дроги од 369 случаи во 1999 година на 30 случаи во 2016 година, намалување на бројот на затвореници за дела поврзани со дроги од 44 проценти во 1999, на 15 проценти во 2018 година и намалување на стигмата кон лицата кои употребуваат дроги, изјави Деков.

Холандскиот модел, посочи тој, е познат по својата прогресивна политика на толеранција, каде употребата на дроги се уште е криминално дело, но во пракса полицијата не казнува лице кое поседува канабис до пет грама за лична употреба или продукти од канабис до 30 грама или поседување други видови дроги до 0,5 грама.

– Главен принцип е толеранцијата. Полицијата и судството се насочени кон сузбивање на трговијата со големи количини на дрога и кон производството на дрога, додека делата со мали количини не се процесираат, изјави Деков.

Конференцијата продолжува и утре со втор панел на тема „Декриминализација на кривично правниот систем“.

Конференцијата е дел од проектот на Коалиција Маргини „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заеднии“ и дел од проектот ХОПС „Унапредување на човековите права на сексуалните работници и луѓето кои употребуваат дриги во Северна Македонија/Институционална поддршка 2020“, двата поддржани од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

 

Posted by ХОПС - Опции за здрав живот Скопје on Wednesday, November 18, 2020
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе