Што ќе значи „Ѕвезда плус“ за туризмот и угостителите во земјава?

Скопје, 20 септември 2020 (МИА) –  Археолошки локалитети ќе станат достапни за посета на домашни и странски туристи, ќе се обноват постоечките и ќе се изградата нови планинарски домови, ќе се стимулира здравствен и пензионерски туризам за домашните и странските пензионери, ќе се воведе систем за субвенционирање алтернативен и културен туризам, ќе стартува проектот „Ѕвезда плус“, ветува Владата во Програмата за новиот четиригодишен мандат во делот за развој на туризмот.

Најавува дека ќе овозможи користење бесплатен државен Wi-Fi со кликнување на линк што ќе води до промотивна страна на општина, на реон, на влез во држава, на стојалишта и бензински пумпи.

Во функција на искористување на растечката побарувачка за профилиран планински туризам, предвидуваат формирање посебна канцеларија за планински туризам и планински содржини, задолжена за дефинирање и управување со очекуваните домашни, јавни и приватни, и странски инвестиции, апликација на систем на промени во овој сегмент и позиционирање на државата на регионалниот и европски знтегрален планински туризам.

-Оваа канцеларија ќе го постави како фокус развојот на Шар Планина, Маврово, Матка, Пелистер и Галичица. Дополнително, ќе ги започнеме подготовките за развој на туризам на Царев Врв на Осоговските планини, како централна точка за зимски и планински туризам. За Попова Шапка Владата ќе ги разгледа различните модели за нејзин развој како регионален туристички центар со можност за приватни инвестиции или јавноприватно партнерство кое би овозможило и изградба на жичарница од Тетово до Попова Шапка, се вели во Програмата на Владата.

Воедно, Владата планира да започне реконструкција на постоечките планинарски домови и изградба на нови со дефинирање модел за управување и инвестирање во нив и трасирање и промовирање официјални планинарски патеки.

Владата ќе поддржи изработка на iOS i Android апликација за туризам во МК, поделена по сектори (лето, зима, планинарење, велосипедизам, кампинг, археолошки наоѓалишта, вински тури …), по примерот на информацискиот систем за просторно планирање. Ќе стимулира воведување иновативни модели во конципирање „здравствен“ и „пензионерски“ туризам за домашните и странските пензионери, по примерот на успешните практики на развиените туристички дестинации.

Планира да поддржи и маркетинг-кампањи за промовирање на државата како место за уживање и препознатлив и растечки туристички бренд и ќе стимулира економски субјекти кои финансираат/спонзорираат домашно продуцирани видеоматеријали за промоција на државата.

-Владата ќе го стартува проектот „Ѕвезда плус“ за државни субвенции во висина од 50 отсто од инвестицијата за регистриран угостителски капацитет што има намера да добие еден степен повисока категоризација на неговиот објект, во сите клучни туристички места, се вели во Програмата на Владата за период 2020-2024.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе