Здравје

Што ќе ни се случи ако јадеме само месо?

19. јуни 2018 - 11:02 | М.Д.

Постојано расте бројот на луѓе, кои од година во година, се откажуваат од месото и животинските производи, додека изборот на храна за вегетаријанци и вегани во рестораните станува многу побогат. Меѓутоа, што би се случило ако во целост се откажеме од вегетаријанските идеали и започнеме да се храниме само со месо?

Ако се одлучиме на овој начин на живот, нашето тело ќе „овене“.

Имено, исхраната која подразбира само месо ќе значи дека не консумираме храна богата со протеински влакна, а тоа најпрво би предизвикало сериозни проблеми со варењето на храната во организмот – што е најблагата од сите нуспојави кои следуваат.

Со одбивање на храна богата со јаглехидрати се откажуваме од сите главни извори на енергија. Организмот, поради тоа, би разградувал само масти и најважни протеини, што би предизвикало дополнителни проблеми.

Ќе доведе до труење со протеини, пореметување со многу непријатни симптоми како што се слабост, пролив, па во екстремни случаи дури и смрт.

Целото ова би се случило како последица на собирање на уреа, која се создава во црниот дроб при претворање на протеините во глукоза.

На пример, месото на зајакот е сиромашно со масти, поради што организмот би почнал да ги согорува сопствените наслаги. Или можеме да се соочиме со состојба на скробут, која се појавува како резултат на недостаток на храна, односно поради недостаток на витамин Ц, кој е единствен кој човечкиот организам сам не може да го произведе.

Еден од начините на кој можеме да ја избегнеме оваа состојба е со консумирање на свежо месо, со што би се избегнало уништувањето на витамин Ц при процесот на готвење. Тоа, меѓутоа, може да доведе до бројни бактериски инфекции.

Со други зборови, немојте никогаш да пробувате да се откажете од сите видови на храна и да консумирате само месо.

Коментирај