Што мисли Дени ДеВито за Колин Фарел во улогата на Пингвинот?

Дени ДеВито го отелотвори познатиот негативец Пингвин во 1992 година во филмот Batman Returns. ДеВито е еден од најпознатите актери кои ја одиграа таа позната улога.

За време на промоцијата на семејната комедија A Sudden Case of Christmas, тој коментираше за тоа како Колин Фарел, кој го игра Освалд Оз Коблпот во серијата на HBO, The Penguin, се справи со улогата.

Во интервју за MovieWeb, ДеВито беше прашан каков е Фарел во улогата и дали мисли дека е подобар Пингвин од него.

„Ох, Колин ми е сериозна конкуренција. Тој е сосема поинаков. Ја гледав серијата. Не сум видел сè, но повеќето од она што излезе. И навистина е добро“, рече кратко пред да ја коментира разликата помеѓу него и Фарел како Коблпот.

„Ја разбирам траумата од долгите часови шминкање секој пат кога се трансформираш. Со мене е поинаку бидејќи каде и да одам, јас сум Освалд Коблпот, знаеш? Луѓето можат да ме препознаат. Не можам да се сокријам. Колин може да оди каде сака со таа шминка, да седне во ресторан и никој не би рекол: ‘Еј, тоа е Колин Фарел’. Воопшто не изгледа како што изгледаше во The Penguin. Мене тешко е да ме сокриеш дури и со килограми шминка во улогата“, додаде ДеВито.

Remote video URL

Да потсетиме, самиот Колин Фарел откри дека подготовката за улогата и шминкањето му се голем проблем. Во едно интервју тој дури изјави дека една од причините зошто можеби нема да снима втора сезона е тоа што не сака повеќе да го поминува целиот процес на подготовка.

„Кога завршив со снимањето, си помислив: ‘Никогаш повеќе не сакам да го облечам тоа проклет одело и проклета глава’“, коментира актерот.

Покрај тоа, целиот процес на снимање му бил доста заморен, а кон крајот почнал да се жали дека сака снимањето да заврши што побрзо.

„Не ме сфаќајте погрешно, ми се допадна, но навистина почна да ме оптеретува“, рече актерот за снимањето, додавајќи: „На крајот од снимањето, му се жалев на секој што ќе ме слушне дека само сакав сè да заврши“.

Првата сезона на Penguin има осум епизоди, а можете да ја погледнете на стриминг платформата Max. Оваа серија моментално е најгледана на стриминг платформата, а уште не се знае дали ќе се снима нова сезона. Нашата препорака за серијата можете да ја прочитате ТУКА.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Netflix го купува HBO Max

Read more

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Read more

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Read more

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Read more
 

Сцена

Netflix го купува HBO Max

Читај повеќе

Се омажи Ким Катрал, ѕвездата на Sex and the City

Читај повеќе

Израел сепак ќе учествува на Евровизија 2026 - Словенија, Ирска, Шпанија и Холандија ќе бојкотираат

Читај повеќе

Netflix укинува уште една корисна функција, корисниците разочарани

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix го објави трејлерот за петтата сезона на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Сидни Свини блесна во облека што зрачи со винтиџ холивудски гламур

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Филмот „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски од декември во Кинотека

Читај повеќе
26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

26 ноември 1942, премиерата на филмскиот класик „Casablanca“

Читај повеќе