Што може да му се случи на вашето тело ако одеднаш помалку се движите?

Б.С.Б.
/ 01.04.2021 / 10:51

Ако и вие сте меѓу оние кои поради пандемијата веќе подолго време работат од дома, сигурно сте забележале дека сè помалку се движите, а повеќе време минувате седејќи.

И веројатно веќе сте чуле за ефектите од долготрајното седење, но еве уште неколку нус појави кои може да ги искусите откако одеднаш почнете помалку да се движите, за разлика до претходно.

1. Ќе имате помалку кондиција

Кога вашата секојдневна рутина на движење ќе запре, може да очекувате дека ќе станете помалку издржливи особено ако движењето не го замените со други облици како вежбање, смета физиотерапевтот Сем Бекортни од Њујорк.

Ако вашиот кардиоваскуларен систем не добие ист секојдневен поттик, може да имате тешкотии во извршувањето на секојдневните активности како чистење на домот, готвење и слично.

За да ја одржите кондицијата и здравјето на срцето, секојдневно би требало да правите околу 150 аеробни вежби со умерен интензитет, порачуваат од Центарот за контрола и превенција на болести. Ако не можете тогаш прошетајте, возете велосипед, вежбајте.

2. Болки во колковите

Пешачењето е одличен начин за опуштање на вкочанети колкови. Намалувањето на минати километри во комбинација со долготрајно седење може да доведе до болки во колковите, пишува Franciscan Health.

„Генерално, ако предолго останеме во некоја положба, на нашето тело тоа нема да му се допадне па ќе почувствуваме вкочанетост. Колковите првите делови на телото на кои ќе ги почувствувате последиците од престанување на движењето“, вели Бекортни.

3. Болки во грбот

Долготрајното седење не е најдобрата работа за држењето на телото и здравјето на грбот. Затоа, ако вообичаената рутина на одење сте ја замениле со подолги периоди на седење, може да почувствувате болки во долниот дел на грбот.

4. Болки во стапалото или глуждот

По ненадејна пауза во рутина на движење, нема да ви биде лесно да се вратите на пешачење или трчање на подолги релации. Продолжувањето на рутината може да предизвика болки во стапалата или глуждот.

Според клиниката Mayo, пребрзото зголемување на нивото на активност по неактивност често е причина за повреди. Постепеното враќање е најбезбедниот пат кон успехот, пишува Livestrong.

реклама

Фит

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе