Што може да се случи ако целосно престанете да јадете јајца?

Јајцата се основна намирница за многу оброци, а нивното исфрлање од секојдневната исхрана може да влијае на вашето здравје.

Без разлика дали ги сакате подготвени како кајгана, тврдо варени или пржени, јајцата се основна намирница во секое домаќинство.

Што може да се случи ако целосно ги исфрлите од исхрана?

Почесто ќе чувствувате глад

Иако со избегнувањето јајца ќе го намалите бројот на внесени калории, тоа би можело да резултира со чувство за помалку ситост по оброкот.

Јајцата се богати со протеини, а тоа го поттикнува чувството на ситост. Ако јадете помалку протеини, поголема е веројатноста дека ќе почувствувате глад и желба за храна кратко време по внесениот оброк, објаснуваат нутриционистите.

Ќе почнете да внесувате покалорични оброци

„Кога луѓето ќе се откажат од јајца, обично јадат покалоричен појадок. Ако не јадат јајца се одлучуваат за повеќе житарки, кифлички, печива и други намирници богати со јаглехидрати“, објаснува нутриционистот Џоди Грибел.

Може да изгубите мускулна маса

Ако од исхраната го исфрлите главниот извор на протеини, како јајцата, значи дека вашите тренинзи со текот на времето би можеле да станат помалку ефикасни.

Нивото на холестерол можеби нема да се промени

Иако јајцата се извор на диетален холестерол, целосното исфрлање јајца можеби нема да го подобри нивото на холестерол како што очекувате, пишува Eat This, Not That.

„Само околу 20 проценти холестерол во крвта доаѓа од тоа што го јадеме. Останатите 80 проценти ги произведува црниот дроб“, објаснува нутриционистот Дијана Гариљо-Киланд.

Тоа значи дека за холестеролот во крвта големо влијание има генетиката.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе