Што може косата да открие за вашето здравје?

Кога постои дисбаланс во еден дел од телото тоа може да се покаже на друг дел на телото, иако на прв поглед изгледаат сосем неповрзано. Всушност во телото е сè поврзано, па и косата може многу да покаже за целокупното здравје.

1. Проблеми со тироидната жлезда

Тироидните хормони ги регулираат фоликулите на косата, објаснува Адина Махали, експерт за кожа и коса. Таа вели дека ниското ниво на овие хормони може да ја прекине регенерацијата на фоликули.

„Тоа може да довде до опаѓање на косата, па дури и опаѓање на цели прамени“, вели Адина, додавајќи дека и проретчувањето на косата и поголемата кршливост на влакното можат да укажат на проблеми со тироидата.

2. Недостаток на железо

Опаѓањето на коса исто така е чест знак за недостаток на железо, кое е важно за бројни телесни функции, но и за здрава коса.

3. Потребно е повеќе вода

„Водата чини 25 проценти од тежината на косата“, вели стилистката Хасинда Смит. „Ако не внесувате доволно вода косата може лесно да дехидрира, краевите на косата да се уништат, а кожата на главата да произведува повеќе масти. Ако косата не ви расте доволно брзо колку што мислите или брзо се масти, пијте повеќе вода“, советува таа.

4. Хормонски промени

Поголемите хормонски промени во текот на животот се одразуваат и  на косата.

„Бременоста, постнаталниот период, перименопаузата, сето тоа се периоди во животот кога жената се соочува со големи хормонски промени, а опаѓањето на косата често се поврзува со тоа“, вели експертот за здравје, Карен Шпроф Руф.

Со оглед на тоа што нивото на естроген е пониско по породувањето и во перименопаузата, косата побавно расте. Тоа може да делува како опаѓање бидејќи косата не е повеќе густа како што некогаш била, а всушност телото само се враќа на вообичаеното ниво на хормони.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Здравје

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more
 

Магазин

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе