Што му прават цигарите на вашето срце?
Светската здравствена организација објави застрашувачко видео, кое покажува колку штета всушност пушењето му нанесува на срцевиот мускул.
Снимката е објавена со цел за подигање на свеста околу дејството на цигарите на здравјето и човековиот организам, како и за да ги охрабри пушачите да прекинат со оваа нездрава навика.
Снимката е објавена по повод светскиот ден без цигари, кој се одбележува на 31 мај, а видеото завршува со пораката „Заштитете го своето срце и одберете здравје – не цигари“.