Што најмногу читаа Македонците: Најпродавани книги во 2020

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 04.01.2021 / 13:10

Македонците сакаат да читаат и тоа книги од различни жанрови. Издавачките книги и онлајн сајтовите за продажба веќе почнаа да ги објавуваат најпродаваните наслови на книги во 2020 година.

Порталот за електронска трговија со книги Купи.Книга.мк ја објави Топ листата на дваесетте најпродавани книги во 2020 година.

На првото место е книгата „Принцезата Султана: неисплачени солзи“ од Џин Сасон. На второто и третото место се две книги од Гијом Мисо, „Апартман во Париз“ и „Девојката од Бруклин“. На четвртото место е светскиот бестселер „Е, баш ме заболе!“ од Марк Менсон. На петтото место е книгата „Тајната на Алексови“ од македонската авторка „Наде Стојилковиќ.

На листата се најдоа и следните книги: „Бедни луѓе“ од Фјодор М. Достоевски, „Лесен начин да ставите крај на пушењето“ од Ален Кар, „Богат татко, сиромашен татко“ од Роберт Киосаки, „Ќерката на дрвосечачот“ од Наде Стојилковиќ, „Тошо Малерот: монологија“ од Васко Тодоров, „Т.е. љ.у.б.а.м. – тоа е вистината“ од Александар Алексов, „Ако не постои утре“ од Гијом Мисо, „Станарката на замокот Вајлдфел“ од Емили Бронте, „Девојката и ноќта“ од Гијом Мисо, „Пациентот“ од Себастијан Фицек, „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи, „Медитации“ од Марк Аврелиј, „Какви ти се мислите таков ти е животот“ од Џејмс Ален, „Ноќ и ден“ од Вирџинија Вулф и „Бруклин“ од Колм Тојбин.

Книжевниот центар Антолог ја објави нивната Топ 10 листа на најпродавани книги на која се најдоа следните наслови: „Човекот по име Уве“, „Авијатичарот“, „Атомски навики“, „Деца на злото“, „Мудар родител, среќно бебе“, „Прашалникот е половина срце“, „Заветот на коските“, „Неверојатната приказна за џиновската круша“, „Убиства со монограм“ и „Остров“.

реклама

Кои се најголемите опасности од гледање порно филмови?

Read more

Како точно се пресметува возраста на кучињата во човечки години?

Read more

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Read more

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Read more

Книги

Од кој книжевен жанр писателите најмногу заработуваат?

Read more

Читањето книги буди емпатија и помага да ги пребродите тешките моменти

Read more

Објавен новиот стрип „Астерикс и грифонот“

Read more

Вистинскиот Хари Потер за 27.500 фунти го продаде првото издание на „Philosopher's Stone“

Read more
 

Магазин

Студија: Бебињата развиваат смисла за хумор во првиот месец од животот

Читај повеќе

Едноставно решение за оние коишто имаат недостаток на витамин Д

Читај повеќе

Кој збор ја одбележа 2021 според речникот Merriam-Webster?

Читај повеќе

Знаци кои укажуваат дека имате висок холестерол

Читај повеќе

Ако сакате долг живот, појадувајте рано наутро

Читај повеќе

Рецепт на денот: Штрудла со ореви

Читај повеќе

Кое е вашето идеално место за секс според хороскопот?

Читај повеќе

Што е поздраво - свинска маст или масло?

Читај повеќе

Дали бебињата плачат во утробата на мајката?

Читај повеќе