Што најмногу ги мотивира луѓето редовно да вежбаат?

А.С.
/ 09.12.2021 / 15:43

На почетокот на вежбањето, мотивацијата е на високо ниво, но за жал, повеќето луѓе набрзо ја губат.

Овој проблем беше причина за ново истражување, кое ги утврди најдобрите начини за одржување на мотивацијата за вежбање.

Во истражувањето учествувале 60.000 луѓе, а нивната посета на теретана била следена во период од четири недели. Едноставните програми кои ги охрабруваа луѓето однапред да ги планираат тренинзите, се покажаа како ефикасни.

Луѓето добивале пораки 30 минути порано со потсетување дека е време за вежбање. Теретаната 24 Hour Fitness нудела поени на Amazon во вредност од околу 0,22 долари за секоја посета. Ова ја зголеми фреквенцијата на вежбање за 9 отсто, пишува CNN.

„Очигледно е дека сумата на пари е мала, но сепак ги мотивира луѓето редовно да одат во теретана. Се разбира, не мора да вежбате исклучиво таму, но забележавме дека промовирањето на трендот на вежбање ја зголеми фреквенцијата на одење до теретана за 24 отсто“, изјави Кети Милкман, авторка на истражувањето.

Хедер Ројер, професорка на Универзитетот во Калифорнија, исто така се согласува.

„Најдобрата тактика е онаа што ги наградува луѓето. Доколку сепак решат да се откажат од своите планови, малите награди треба да бидат доволна мотивација за да почнат повторно да вежбаат“, вели таа.

реклама

Шокантни сцени: Најголемото вештачко езеро во САД на најниско ниво досега

Read more

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Read more

Детали за несреќата во Радишани: Возачот што избега му го пресекол патот на младиот мотоциклист кој загина

Read more

Играч спречи контра напад и предизвика сообраќајка

Read more

Фит

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Read more

Кое е најдоброто време за вашиот најголем оброк во денот?

Read more

Дали броењето калории е најдобриот начин за слабеење?

Read more

Влечките Hyperslide на Nike се греат и вибрираат за да им помогнат на стапалата да се опорават по тренинг

Read more

Магазин

Носите паметен часовник? На едно нешто треба да внимавате, посебно во лето

Читај повеќе

Колку долго јајцата можат да се остават надвор од фрижидер?

Читај повеќе

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе