Дел 2

Што научивме од пандемијата (досега)

➡️ Не го напуштајте домот во никој случај. Освен во случаите кога мора да го напуштите. Не излегувајте после 21 часот, затоа што тогаш се шири вирусот. Или после 16. Или цел ден. Или после 19. Или 3 дена, затоа што е празник.

➡️ Не одете во планина, ни на сонце, ниту на воздух, затоа што така го спречуваме ширењето. Но, слободно чекајте на ред во банка и маркет. Или причестувајте се со исто лажиче. Ама носетете маска додека го правите тоа.

➡️ Сите продавници се затворени. Освен оние кои се отворени. И сите продавници мора да останат затворени, освен оние кои мора да останат отворени.

➡️ Вирусов е смртоносен. Ама не се плашете - убива само луѓе кои се ранливи и луѓе кои не се ранливи. Или дебели. И слаби. Ама најчесто оние со нарушен имунитет. Освен, во некои исклучоци, кога не се со нарушен имунитет.

➡️ Во самоизолација се седи 14 дена. Или 7. Или 10. Или 7 дена од последен контакт со заразен. Или колку сметате дека треба. Освен ако не добиете желба да излезете надвор, на бербер или да се повозите со мотор.

➡️ Треба да бидеме во „локдаун“ за да го сопреме ширењето на вирусот. Но, вирусот ќе престане да се шири само кога доволен број од нас ќе се инфицираат, односно, кога ќе изградиме имунитет. Затоа, многу е битно да создадете имунутет, но исто така - многу е битно да не се инфицирате.

➡️ Владата ќе ви помогне финансиски. Освен, во случаи кога не ги исполнувате условите - тогаш не ви следува помош. Освен ако не сте религиозна организација. Тогаш ви следува помош иако не плаќате данок. Помошта е најчесто за оние кои работеле лошо и имале загуба. Зашто оние кои работеле добро и го полнеле буџетот не им треба помош. Ќе се снајдат.

➡️ Следните 2 недели се клучни. Или тие после нив. Или следниот месец. Или после пикот. Или следните 30 вонредни дена.

➡️ Кризата чини пари, па затоа мора да се штеди. И донациите од приватниот сектор се битни. Кој реално не добива помош од државата.

➡️ Солидарноста е битна, па затоа мора да се одложат кредитите за 6 месеци. Но, затоа ќе ви ги наплатиме дупло ратите за тие 6 месеци. Затоа е што немате пари, но ќе имате, затоа што не плаќате рати.

➡️ Исто така, нема потреба да се намалат платите на администрација, затоа што администрацијата е битна. Иако, не одат на работа. Исто така, затоа што секој денар е битен, битно е ФИТР да спрчка што повеќе пари на „дигитални решенија за справување со коронавирусот“ кои никој нема ни да ги види.

➡️ Не треба да одите на лекар или во болница освен ако не мора стварно да одите. Или, кога сте премногу болни за да отидете во болница.

➡️ Битно е да се тестирате. Иако, за закажано тестирање се чека по неколку недели. Значи не е битно. Битно е да сме здрави и живи.

➡️ Вирусот не е опасен за деца. Освен за оние деца за кои е опасен.

➡️ Вирусот останува активен на различни површини 2 часа. Или 4 часа. Или 7 часа. Но, во повеќето случаи останува со денови, а не часови, му треба топла атмосфера. Или ладна атмосфера која е топла и сува. Во воздухот. Освен ако воздухот не е направен од пластика.

➡️ Училиштата се затворени. Па, мора да ги едуцирате децата сами дома. Освен, во случаите кога не сте дома. Или може да ги едуцирате онлајн. Освен кога имате 2 или повеќе деца. Или тапа интернет. Или само еден компјутер. Или истовремено работите од дома.

➡️ Маските се бескорисни во заштита од вирусот. Но, сепак мора да ги носите. Или да носите шал. Кој исто така е бескорисен. Ама, штити колку-толку. Затоа што може да спасите нечиј живот. И да се чувствувате како херој. Дури и кога не сте. Носењето на маски во некои случаи е задолжително. Или нема потреба да биде. Освен ако е на во јавен простор, или во автомобил. Ако сте од Тетово, маските воопшто не се потребни, затоа што тетовчани не кашлаат.

➡️ Не треба да одите на работа. Освен во случаи кога сте останале без работа, па ќе најдете друга работа која можете да ја работите. Пример, од некој бизнис кој има дозвола за работа. Како во фабрика. Или на скеле.

➡️ Останете дома. Бидете херој. Не знам колку уште видеа со познати личности треба да ви кажат дека така спасувате животи. И дека е добро да се излезе надвор, затоа што тоа помага во одржување на имунитетот и менталното здравје.

➡️ Животните не можат да се заразат. Освен тигрите. И по некое куче. Или мачето од Белгија.

➡️ Лајв стримови и пресови мора да има секој ден. Така се одржува популарноста. И Lide Lide конечно ќе си најде дечко.

➡️ Бројот на инфицирани, закрепнати и умрени ќе ги објавуваме дневно. Но, не знаеме колку точно се инфицирани затоа што ги тестираме само тие кои се речиси мртви, за да утврдиме дали умреле од коронавирус. Исто така, 26 од 28 излекувани се „лекувани“ во домашни услови. Гледате, здравството функционира исто како вас. Од дома.

✔️ И секако, фала ви на сите PR експерти што ја држите ситуацијата под контрола. Епидемиолозите се најмалку битни во приказнава. Се гледаме на врвот!

Првиот дел.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Теми и коментари

Зошто смртната казна нема да спречи свирепи убиства?

Read more

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more
 

Ново

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе
  • filter

Први фотографии: Новиот Citroën C3 Aircross има 7 седишта

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе