Што не смеете да делите со другите?

Великодушноста е прекрасна особина и треба да знаете како да го делите она што го имате со другите. Меѓутоа кога станува збор за вашето здравје, хигиена и лична безбедност, некои работи треба да ги користите само вие.

Сигурно веќе знаете дека не треба со никого да ја делите вашата четкичка за заби бидејќи ако имате некаква раничка во устата, така најлесно се пренесуваат бактерии и вирусни инфекции. Од истата причина не треба да делите брич или сунѓери за миење лице и тело, електричен депилатор или машинка за бричење.

Тврдиот сапун е средство за одржување хигиена, но ако го делите со други луѓе постои веројатност за пренесување бактерии и предизвикување алергии бидејќи на сапунот остануваат мртви клетки што постојано се „ронат“ од кожата. Држете се до течен сапун за општа употреба, а вашиот тврд сапун користете го само вие. Истото важи и за антиперспиранти во стик и со ролон апликатор.

Од пешкир за раце, за коса, до оној за после бањање, најдобро е секој да го користи својот бидејќи посебно кога се мокри се одлична средина за развивање бактерии и пренесување габични инфекции.

Освен ако не ја истиснувате од тубичка, шминката и апликаторите за шминка треба да ги користите исклучиво вие. Пренесувањето на бактерии, особено на устата и очите може да биде многу опасно.

Делењето обетки и пирсови со некој друг го зголемува ризикот од болести што се пренесуваат преку крв. Ако веќе се најдете во таква ситуација, прво дезинфицирајте го делот што влегува во дупчето со алкохол.

На слушалките се задржуваат бактерии што ги имаме во ушите, а најголемиот дел од тие бактерии се задржуваат на слушалките, особено за време на трчање или вежбање бидејќи тогаш се зголемува телесната температура и нивото на влага. Со позајмување на слушалките може да ги „позајмите“ и бактериите како стрептокока или стафилокока, што може да резултира со инфекција. Ако веќе ги позајмувате, прво избришете ги со парче памук натопено во алкохол.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе