Високиот крвен притисок, познат и како хипертензија, може да предизвика сериозни здравствени проблеми доколку не се контролира правилно.
Постојат одредени работи што можете да ги правите за да го контролирате крвниот притисок, а освен да ги земате лековите што ви ги препишале и да вежбате, треба да внимавате и што јадете.
Прекумерното консумирање сол е една од главните познати причини за хипертензија. Сепак, солта не е единствениот фактор во исхраната кој придонесува за висок крвен притисок. Експертите на Health Match издвоија четири популарни опции за појадок кои лицата со висок крвен притисок всушност треба да ги избегнуваат.
Житариците кои на прв поглед изгледаат здрави можеби не се најдобриот избор за почеток на денот. Health Match тврди: „Повеќето пакувани житарици може да бидат погрешен избор. Тврдат дека се здрави бидејќи содржат хранливи материи и цели зрна, но тоа не е целата вистина“.

Тие објаснуваат дека многу такви житарици се „високо обработени и содржат додаден шеќер“. Истражувањата покажаа дека една шолја ваква житарка има иста концентрација на шеќер како три колачиња со чоколадо“.
Високото ниво на шеќер го попречува производството на азотен оксид, кој помага во проширување на артериите, што може да придонесе за висок крвен притисок. Шеќерот придонесува за зголемување на телесната тежина, што го зголемува ризикот од висок крвен притисок“, пренесува Health Match.
Иако се многу вкусни, мафините содржат нездрави состојки како рафинирано брашно, шеќер и масло.
„Индустриски произведените мафини содржат висока концентрација на штетни состојки, што ги прави значаен фактор на ризик за дебелина“, истакнуваат од Health Match.

Проблемот е што состојките од кои се направени овие популарни десерти честопати не се воопшто хранливи.
„Рафинираните состојки во мафините немаат хранлива вредност. Поради високата содржина на шеќер, телото брзо ги вари, што предизвикува нагло зголемување на нивото на инсулин“, додаваат тие.
Една од најпопуларните состојки во многу опции за појадок е сланината, која може значително да го зголеми крвниот притисок.

Health Match предупредува: „Преработеното месо, како сланина и шунка, се штетни за вашето здравје доколку имате висок крвен притисок. Сланината содржи висока концентрација на натриум, кој го зголемува крвниот притисок доколку се консумира редовно“.
Четири парчиња сланина содржат околу 660 милиграми натриум, што е речиси половина од препорачаната дневна доза од 1.500 милиграми.
Како и мафините, вафлите можат да бидат привлечен појадок, но можат да му нанесат повеќе штета отколку корист на телото.

Health Match додава: „Вафлите содржат едноставни јаглехидрати кои ги олеснуваат варењето. Рафинираните состојки во брашното придонесуваат за дебелина и високи нивоа на инсулин“.
Дебелината предизвикува атеросклероза, која ги стеснува ѕидовите на артериите и доведува до хипертензија. „Кога масното ткиво се депонира на ѕидовите на артериите, срцето мора да работи понапорно за да пумпа крв во различни делови од телото“, заклучуваат експертите.