Што не треба да прават жените над 30 години?

Кога бев девојче замислував дека животот по 30-тата година е едно магично место на бидувањето возрасен каде ти е јасно што треба да правиш или во најмала рака ти имаат дадено некаков прирачник со упатства за животот.

Матрицата дека треба веќе да имаш стабилна работа (што најверојатно ќе ја работиш до пензија), семејство (или барем сопруг) и кредит во банка на 20 години, беше готов пакет што редовно ми го испорачуваа мене (и на жените на моја возраст околу мене). Оваа тема почна да станува особено жестока   откако наполнив 25 години и уште бев сингл.

Кога почнав да се доближувам до страшната 30-ка, едноставно не ја чувствував празнината што ме учеа дека ќе ме снајде. Сега, со тазе наполнети 33 години, откако прочитав купишта текстови за тоа како „жена на мои години“ треба (море, мора!) да се облекува, изгледа и однесува, дозволете да споделам неколку мудрости за тоа што треба и што не треба да правите откако ќе наполните 30 години.

  1. Никогаш немој да си дозволиш да влезеш во врска, уште помалку во брак, од некакво чувство на вина, бидејќи „те стигнале годините“.
  2. Никогаш немој да се објаснуваш некому зошто сакаш или не сакаш да имаш деца. Точка.
  3. Никогаш немој да даваш изговори зошто си сингл, или имаш партнер, а сте одлучиле да живеете заедно, без да стапите во брак.
  4. Никогаш немој да бираш фризура „што ти личи на годините“.
  5. Никогаш немој да престанеш да носиш бои, материјали, дезени и должини на облека што ти одговараат тебе и на твојот карактер, само оти „кај да е ќе наполниш ХХ години“.
  6. Никогаш немој да се плашиш да се вратиш на факултет и завршиш одреден степен на образование или да одиш на повисоко образование, или пак да почнеш да учиш нешто сосема ново, без разлика дали преку формално или неформално образование.
  7. Никогаш немој да се колебаш дали да пробаш сосема нова работа, да отвориш свој бизнис или едноставно истовремено да работиш повеќе од една работа.
  8. Никогаш немој да се оставиш без добра реплика за во ситуации кога ограничени луѓе те нарекуваат кариеристка само заради тоа што ти си ја сакаш работата и едноставно те бива за тоа.
  9. Никогаш немој да се чувствуваш нереализирано ако досега уште не си нашла што е тоа за кое те бива.
  10. Никогаш немој да се плашиш да одговориш на твоите уметнички пориви, без разлика дали имаш формално образование во тоа поле или не.
  11. Никогаш немој да се сомневаш во твојот избор да бидеш домаќинка и да се грижиш за децата додека партнерот работи, ниту пак да се објаснуваш дека „тоа не е професија“, кога ти си совршено среќна со твојот живот.
  12. Никогаш немој да престанеш да танцуваш.
  13. Никогаш не си дозволувај тебе да ти биде непријатно кога некој ќе се дрзне да ти рече „Не се секирај, ќе најдеш и ти некој за тебе“. ТИ веќе се имаш СЕБЕ.
  14. Никогаш немој да даваш оправдувања за тоа како изгледаш, ниту пак да се чувствуваш лошо ако не реагираш со „паѓање во несвест“ и срамежливо кикотење кога некој ќе ти рече дека изгледаш супер „за твои години“.
  15. Никогаш немој да престанеш да правиш планови за патување и да ги остваруваш.
  16. Никогаш немој ни да помислиш дека е премногу доцна да излезеш од врска во која не си среќна.
  17. Никогаш немој да ги криеш годините. Не си ги украла, си ги проживеала.
  18. Никогаш немој да се убедиш дека ти се истрошила љубовта. Љубовта е самодоволна и вечна. Тоа е единственото нешто што со давање се зголемува, а не се троши.
  19. Никогаш немој да престанеш да бидеш ТИ со секое дување на роденденски свеќички, без разлика колку се на број.
  20. Никогаш немој да престанеш да дуваш роденденски свеќички.

Александра Спасеска

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Теми и коментари

Зошто театарот ни е потребен повеќе од кога било?

Read more

Моќта на гласачкото ливче: 5 причини зошто треба да гласате

Read more

8 Март и ослободувањето на жената – моќните приказни на жените од Македонија

Read more

Дрво по дрво: Кој ги убива белите дробови на Македонија?

Read more
 

Ново

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе