Што не треба да правите пред и по примање вакцина против COVID-19?

Вакцината против COVID-19 е главната алатка за спречување и контрола на ширењето на пандемијата на коронавирус, но има некои работи што не треба да ги правите по вакцинирањето.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (CDC) објавија препораки што треба и не треба да правите веднаш по вакцинирањето против COVID-19.

Не земајте лекови без рецепт пред вакцинацијата

Не треба да земате лекови без рецепт, вклучувајќи ибупрофен, ацетаминофен и аспирин, пред да ја примите вакцината, советуваат CDC, но по вакцинацијата може. Лековите без рецепт, како што е ибупрофен, се антиинфламаторни лекови кои можат да го забават одговорот на вашето тело на вакцината.

„Не земајте лекови без рецепт пред вакцинацијата, бидејќи тоа може да пречи во можноста на вакцината да има најдобра реакција“, вели микробиологот Дебора Фулер. Таа додаде дека по вакцинацијата можете да ги земате овие лекови за да ублажите некои од несаканите ефекти.

Не грижете се за пиењето алкохол

Томас Русо, раководител на Одделот за инфективни болести на Универзитетот Бафало во Њујорк, вели дека досега не забележал јасна причина зошто не треба да пиете чаша вино или пиво по вакцинирањето. Меѓутоа, ако имате какви било несакани ефекти по вакцинирањето, како висока температура, алкохолот нема да ви помогне, затоа не треба да го пиете.

Не тетовирајте се веднаш по вакцинирањето

Кожата е вашата прва бариера против патогените микроорганизми, а исто така предизвикува и имунолошки одговор. Ставањето тетоважа или пирсинг веднаш по вакцинирањето може да предизвика имунолошка реакција која не би била пожелна во комбинација со имунолошки одговор по вакцинирањето, нагласува Фулер.

Експертите сè уште не се целосно сигурни како тетоважата или пирсингот може да влијае на имунолошкиот одговор по вакцинирањето, но како мерка на претпазливост, советуваат да ги избегнувате овие активности веднаш по вакцинирањето.

Не примајте други вакцини истовремено

CDC не препорачуваат да се вакцинирате со какви било други вакцини истовремено со приемот на вакцината против COVID-19.

„Двете дози вакцина против COVID-19 треба да се примат самостојно во интервал од 14 дена помеѓу двете дози“, се наведува во препораките на CDC. Исто така, се наведува дека во овој период, луѓето не треба да примаат други вакцини од безбедносни причини.

Не престанувајте да ги земате потребните стероидни лекови

Ако веќе земате стероидни лекови поради хронична состојба, немојте одеднаш да престанете да ги земате. Русо наведува дека постои причина зошто ви препишуваат такви лекови и дека не треба да престанувате да ги земате без да се консултирате со вашиот лекар.

Не вежбајте премногу

„Вежбањето не треба да претставува проблем, може и да придонесе за подобар имунолошки одговор“, вели Фулер, но нагласува да не се исцрпувате вежбајќи.

„Слушајте си го телото. Ако се чувствувате добро - вежбајте. Но, ако се чувствувате лошо по вакцинирањето, одморете се“, изјави Русо за Huffington Post.

Експертите исто така забележуваат де не заборавате да внесувате доволно течности по вакцинирањето. Хидратацијата е исклучително важна за вашиот имунолошки одговор, затоа внимавајте на пиењето вода после вакцинацијата.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Здравје

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Read more

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Read more

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more
 

Магазин

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе