Од Xiaomi потврдија дека ќе одржат онлајн конференција на 15 септември.
На тој настан ќе ги претстават новите модели на смартфони и уште некои други производи.
„Нека започне магијата“ е називот на настанот за кој кажаа дека ќе ги претстават најдобрите производи досега.
Станува збор за новата Mi 11T серија – ќе бидат претставени Xiaomi Mi 11T и Mi 11T Pro на 15 септември.
Се очекува дека Mi 11T ќе има OLED екран, 64 MP главна камера и MediaTek процесор.
Наскоро се очекуваат повеќе детали.