Што ново претставија од Apple на првиот ден од WWDC?
Apple вчера претстави многу новитети на годишната конференција за програмери WWDC од кои: iPadOS 15, watchOS 8, macOS.
Еднонеделниот настан им овозможува на независните програмери да научат многу работи за најновите функции уште пред да излезат за јавноста, за да можат да ги ажурираат сите апликации или додатоци. Apple го лансираше WWDC со воведна презентација каде открива некои од највозбудливите нови додатоци за iOS, iPadOS, macOS, watchOS и повеќе.
iOS 15 е новиот оперативен систем за iPad и iPad Pro уредите. Новиот оперативен систем ќе има покомпактна естетика, како и можност за drag&drop контроли за да одговараат на вашите потреби – што им е достапно на сопствениците на Mac.
Погледнете го видеото за да видите што сè претставија вчера.