Што нуди вечерашната програма на „МКЦ за Скопје“?

Одбележуваме 58 години од скопскиот катастрофален земјотрес. МКЦ за Скопје е настан што нѐ потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето.

ПРОГРАМА И РАСПОРЕД:

19:30 – „Јули” @ Џебно кино

„Јули“ е краток филм на Сезер Салихи.

‘Метин го слави роденденот, неговиот пријател Хасан го изненадува со торта. Тој се сеќава на неговиот трагичен, романтичен, весел и мистериозен роденден на 25 јули 1963 година. Еден ден пред земјотресот, кој уништи 80 проценти од градот Скопје’.

20:00 – „Ехо на ехото на мојот град“ @ бифе МКЦ

„Ехото на мојот град“ е краток филм на Борјан Стојков и претставува ретроспектива на постземјотресно Скопје.

20:00 – Јулија Манојловска @ Галерија

„Пресоздавање“ – изложбата на Јулија Манојловска е објектна инсталација на визуелна сензација, лутање, односно перцептивно раздвојување и повторно создавање.

Трансформирана слика создадена од традиционалниот дводимензионален сликарски медиум во тродимензионален објектен цртеж ги содржи сите елементи што го дефинираат сликарскиот дискурс. Материјализацијата на цртежот преку бојата и светлото – сенките, го освојува просторот и околината со обоен цртеж-објект.

Идејата за ваква инсталација е идеја на внатрешното чувство за репетитивно барање и лутање низ простор за истражување помеѓу објективната и субјективната реалност. Делото се обраќа на експресивноста на емоцијата на авторот конвертирана во идеја што создава сликата и инсталацијата т.е објектот.

20:30 – Шизик на ризик @ Галерија 2

ШИЗИК НА РИЗИК е македонски лајфстајл бренд. Роден во Скопје, брендот е наменет за смели дечки и девојки од улиците на овој или кој и да е друг град. ШИЗИК НА РИЗИК  раскажува приказна за еден отворен град од едно безгрижно време и за еден дечко, кој никој не го видел али сите го знаат. Шизик на ризик е оригинален и смел. Тоа е наше дете од улиците на кои растеле и растат генерации.

Брендот ШИЗИК НА РИЗИК веќе 3 години креира премиум производи во лимитирани серии. Посебна серија на производи сочинуваат иконичните дизајни инспирирани од градот Скопје, кои во облик на модни парчиња и додатоци веќе подолго време со кјеф се носат по светските улици.

21:00 – Поетри слем @ Парк МКЦ

Сакате да искусите поинаков начин на забава и тоа со поезија?

Не сакате да бидете пасивна публика?

Ние изведуваме, вие навивате, свиркате, апаудирате, довикувате, гласате!

Заедно можеме земјата да ја тресеме со поезија!

Ние сме ПОЕТРИ СЛЕМ МАКЕДОНИЈА!

Настапуваат: Игор Трпчески – Трпче, Цветанка Колева, Марија Грубор, Горазд Китановски – Кени и Елена Пренџова

21:40 – Хајка @ Парк МКЦ

Хајка е скопски панк-рок бенд. Енергија, сирова енергија. Го сочинуваат Теодор Атанасовски, Александар Атанасовски, Бојан Таневски и Филип Лафазановски.

Имаат настапувано на Лузерфест кога ги запознавме, а неодамна го објавија својот прв албум „Антиталент“.

22:20 – Stoned Hedge @ Парк МКЦ

Ангела Маринковска – вокал, Исмаил Камбери – гитара, Дејан Томовски – бас и Марко Стојчевски – тапани успејаа за само 4 месеци (за време на пандемијата) да го создадат својот деби-албум и тоа во манир на веќе искусен бенд, небаре ова е нивната трета хит-плоча. Она што овие млади луѓе го направија во тој краток период е навистина за восхит, а тоа се големи и неверојатно мелодични песни, кои лесно ќе ве заведат со својата питкост и искреност и ќе ве однесат во светот и борбата на убавите, чесните и младите. Зборуваме за една борба со силен и невидлив противник, но Stoned Hedge во стил на искусни борци со неверојатна леснотија на сите нам ни покажаа дека со талент и чисто срце може да звучиш и изгледаш светски. Тука станува збор за светска класа на трагот на Guano Apes и Portishead.

23:05 – Column Still @ Парк МКЦ

Column Still е нова група оформена во 2021, од музичари познати по својата работа со бендовите Fighting Windmills, Светлост, Shock Troopers, Палиндром, The Local Blue, Amplidyne Effect…

Свират музика со карактеристики на doom метал, drone, минимализам, слободен џез и електронска музика.

Нинослав Спировски [кларинет/саксофон], Кристијан Новковски [тапани], Драган Теодосиев [тапани], Мартин Георгиевски [гитара/електроника], Дени Омерагиќ [бас гитара/електроника]

23:55 – Виножито проект @ Парк МКЦ

Проектот Виножито претставува храбар експеримент, односно музички мозаик составен од различни етностилови.

Проектот со наслов „Обединети во музиката – Виножито“ во земја каде што заедно живеат: Македонци, Албанци, Роми, Срби, Власи и други етникуми е вистински предизвик да се направи спој од сите и да се слушне како ќе звучи ваква музичка фузија составена од врвни професионални музичари.

Комбинацијата на музичари од повеќе етникуми што создаваат музика во Македонија до сега не е слушнат и ќе биде единствен од тој вид и сосема природно ќе произлезе нов, до сега неслушнат и квалитетен звук.

Репертоарот на групата ќе биде од песни што секој од членовите ги носи во својот генетски и фамилијарен код, се разбира обработени и ‘преоблечени во едно современо руво’.

Носител на проектот е Петар Младеновски – Пеце, фронтменот на групата „Суперхикс“, кој со своите пријатели од различни етникуми, ќе се обидат да ги прикажат сите звуци што ги носи нашата држава.

Тагови
реклама

Џабе се фалите - бројот на партнерки не ве прави подобри љубовници

Read more
Крадец фатил за врат штипјанка и ѝ украл златен синџир

Крадец фатил за врат штипјанка и ѝ украл златен синџир

Read more

Италија од 3 јуни ги отвора границите

Read more

Чудо на архитектурата: Куќа која изгледа како ѕвезда што експлодира

Read more

Култура

Живи статуи на „Статуафест“ денес и утре во центарот на Скопје

Read more

Македонскиот филм „Сестри“ го отвора ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола

Read more

„Dead Can Dance“ ќе настапат во Скопје

Read more

Еднаш месечно бесплатен влез во музеите и историските локалитети во Охрид

Read more
 

Вести

И Заев и Мицкоски убедени во победа на локалните избори

Читај повеќе

Мицкоски: Освен морална, мора да има и кривична и политичка одговорност

Читај повеќе

Заев: Трагедијата во Тетово да не се користи за политичко профитерство

Читај повеќе

Нереални сцени: Талибанците вооружени со минофрлачи возат педалини

Читај повеќе

Полска треба да плаќа 500.000 евра дневно за одбивање да затвори рудник

Читај повеќе

Дали на Словенците им се исплатеше воведувањето на еврото?

Читај повеќе
  • play_arrow

Силна бура и серија торнада ја погодија Италија

Читај повеќе

МЗ: Во Скопје има 139 заразени основци и 70 средношколци од коронавирусот

Читај повеќе

Нови 154 случаи на COVID-19, пријавени се 12 починати лица

Читај повеќе