EuroNCAP и организации слични на неа со години вршат стандардни креш тестови, на кои безбедноста на автомобилот се тестира на брзина под 60 км/ч.

Одвреме-навреме ќе се појави некој кој спроведува неофицијални тестирања на поголеми брзини, најчесто за забава, но исто така и многу поучни.
Таков еден пример даваме подолу.
Да ја скратиме приказната, преминете на 18-та минута од видеото на Bri4ka. COM и ќе можете да видите како изгледа кога Opel Omega ќе удри во неподвижен предмет со три пати поголема брзина од онаа во стандардните креш-тестови.
Ударот на автомобилот Opel во паркираниот автобус е кошмар, што не треба да изненадува со оглед на тоа дека до контакт дојде при брзина од 208 км/ч!
Штетата е страшна. Автомобилот е тотално уништен до степен на непрепознавање, а единствениот дел што остана цел е багажникот.
Судејќи според она што можете да го видите во видеото, можете само да замислите какви би биле последиците ако во автомобилот има патници. И автобусот е прилично оштетен, така што нема да се претера ако се каже дека би имало повредени и во него.