Што открива бојата на вагиналниот исцедок и кои се последиците ако го игнорираме?

Вагиналниот исцедок е честа и сосема нормална појава кај жените, но во некои случаи неговата боја или текстура може да укажуваат на одреден здравствен проблем кој не треба да го игнорираме.

Како што предупредуваат гинеколозите, промената на бојата и мирисот на самиот исцедок во повеќето случаи открива инфекција на вагината, но може да биде и знак за промена предизвикана од хормонални или метаболички нарушувања.

Бистриот, бел и кремаст исцедок со кремаста текстура или како белка од јајце се смета за нормален. Исто така, розовиот, црвениот и кафеавиот исцедок е нормален за време на менструацијата, но во други случаи тоа не е добра вест бидејќи тие всушност се знаци на некое крварење. Млечно бел или сив исцедок е чест симптом на бактериска инфекција, најчесто гинеколошка инфекција кај жени во репродуктивна возраст која е предизвикана од нерамнотежа на добри и лоши бактерии. Најчесто се јавува во комбинација со непријатен мирис.

Ако се игнорира и не се лекува на време, бактериската инфекција може да го зголеми ризикот од заразување со сексуално преносливи болести, вклучувајќи кламидија, гонореја, херпес и ХИВ, како и да го зголеми ризикот од инфламаторно заболување на карлицата што влијае на плодноста или може да доведе до предвремено породување кај бремени жени.

Дебелиот, бел исцедок кој малку личи на урда, обично укажува на габична инфекција. Иако габичните инфекции најчесто се мешаат со бактериски инфекции, разликата е во тоа што габичната инфекција не предизвикува непријатен мирис.

Некои жени доживуваат и жолт или зелен вагинален исцедок, а неговите причини може да варираат од сосема нормални до инфекции кои можат да доведат до несакани последици. Доколку исцедокот е со поинтензивна боја и густ и се јавува со непријатен мирис или болка во карлицата, гинеколозите предупредуваат дека постои голема веројатност да се работи за полово пренослива болест. Во овој случај, неопходно е веднаш да се посети лекар.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Здравје

Фројд, грешка си: Пикањето на емоциите „под тепих“ сепак не е толку страшно?

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

4 сериозни болести може да се откријат по симптоми што се појавуваат на усните

Read more

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more
 

Магазин

Фројд, грешка си: Пикањето на емоциите „под тепих“ сепак не е толку страшно?

Читај повеќе

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Читај повеќе

4 сериозни болести може да се откријат по симптоми што се појавуваат на усните

Читај повеќе

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Читај повеќе

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Читај повеќе

Колку секс во просек има жената во брак?

Читај повеќе

Модната еволуција на Скопје - спојување на стилот и одржливоста на 27. издание на Моден викенд Скопје

Читај повеќе

Кои се карактерни особини на добрите татковци?

Читај повеќе

Прегледи кои жените не треба да ги избегнуваат после 30-тата година

Читај повеќе