Германската автомобилска групација се надева дека Škoda успешно ќе се справи со француските брендови и американски Ford.

Volkswagen, сопственикот на чешкиот производител на автомобили, еднаш ја позиционираше Škoda како „подостапен бренд“ во рамките на групацијата, слично како што Renault направи со брендот Dacia во своето портфолио.
Сепак, се чини дека денес во Volkswagen не знаат што да прават со успехот на Škoda на пазарот.

Технологијата е германска, а цените се пониски. Сега, сепак, најавата доаѓа од германскиот автомобилски гигант дека Škoda повеќе нема да оди во правец на брендот Dacia и дека нема да биде поевтин бренд.
Планирано е Škoda да продолжи да го одржува истото ниво на цена и квалитет, а Volkswagen се надева дека со ваквата политика, чешкиот бренд успешно ќе се носи со француските брендови Peugeot, Renault и Citroen, како и со американски Ford.