Уште во 80-тите години се шпекулираше дека германскиот и „голфот“ од фабриката ТАС во Сараево не се исти. Каква е состојбата денес?

И додека во тоа време првото нешто на кое се мислеше беше квалитетот на производството, денес безбедноста е во прв план. Креш тестовите обично покажуваат дека автомобилите за различни пазари се различни, поради различните стандарди.
Еден таков пример даде Global NCAP, кој го тестираше Hyundai Accent, модел за американскиот и мексиканскиот пазар, кој ја носи ознаката Grand i10 Sedan, еден против друг. Интересно е што и двата модели се направени во Мексико.
Тестот покажа дека Accent за американскиот пазар е многу побезбеден. Се покажа дека каросеријата е поцврста, а помогнаа и шесте воздушни перничиња.
Моделот на мексиканскиот пазар имаше само две воздушни перничиња и беше толку згмечен во судирот, што столбот А попушти и воланот се помести. Заклучокот е јасен: има поголема веројатност да бидете повредени при судир во верзијата што се продава во Мексико.