Што повеќе се исплати: VW на струја или Golf бензинец?

Пресметките што ги спроведува ADAC се базираат на просечен период на одржување од пет години, со годишна километража од 15.000 километри.

Едно од клучните прашања за електричната мобилност е дали компактните електрични автомобили, како Volkswagen ID.3, се поевтини за возење од Golf? Специфичните модели се земени само како пример, но трошоците за купување и одржување се она што им пречи на потенцијалните купувачи.

Германскиот автомобилски клуб ADAC ги стави на хартија сите трошоци и го објави победникот. Но, да одиме по ред…

Повисоките трошоци за купување електричен автомобил во Германија (ID.3 е 36.960 €, Golf бензинец 32.460 €) се надоместуваат со други трошоци како што се осигурување, данок на возило, трошоци за одржување и поправка, трошоци за гориво и електрична енергија.

Во целокупната пресметка забележливи се релативно помали трошоци за одржување и работа на електричните автомобили. VW ID.3 чини 47,2 центи по километар, додека Golf е речиси десет центи поскап (56,9 центи).

ID.3 е на крајот поевтин. Ако го земеме предвид германскиот еколошки бонус при купување ID.3 од 9.000 евра - што сепак треба да се намали во наредните години - купувањето електричен автомобил излегува дека е околу 5.000 евра поевтино од бензинот.

Тоа влијае и на губењето на вредноста на возилото, кое е помало и, според ADAC, е најголемиот фактор на трошоци.

Пресметките што ги спроведува ADAC се базираат на просечен период на одржување од пет години, со годишна километража од 15.000 километри. Бидејќи цените на горивата во моментов варираат, за анализата е користен просекот за последните три месеци во Германија.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Авто новости

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Read more
 

Автомобили

  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе
  • filter

Mazda SUV CX-80: Три реда седишта и за клиентите во Европа

Читај повеќе