Што прави грст малини дневно за вашето здравје?

Со оглед на тоа каква е економската ситуација, килограм сезонско овошје стана вистински луксуз. Порано овошјето се купувало по килограм и се правело домашен џем или слатки, а денес наместо да јадеме домашни производи со лажица, ги купуваме „на лажица“.

Како да не кога пазарџиите велат дека откупната цена е катастрофална, а се принудени да ги зголемат цените за да го повратат сето она што го вложиле и да бидат на позитивна нула. Цените на сезонското овошје како капини, малини и боровинки поскапеа, како и сѐ друго.

Малините се препорачуваат за регулирање на крвниот притисок, функцијата на тироидната жлезда и простатата, за намалување на нивото на холестерол, за стимулирање на работата на цревата, против разни срцеви заболувања, цревни и стомачни инфекции.

Воедно, ова овошје е и вкусно и диетално, а се препорачува во исхраната и на болните и на потполно здравите луѓе.

Истражувањата покажаа дека елагичната киселина, која ја има во изобилство во малините, а особено како состојка во бобинките, го намалува развојот на некои форми на рак. Оваа киселина главно се внесува во телото во форма на елагитанин, во форма на растворливи соединенија кои лесно се ресорбираат.

Присутен е и во листовите и во плодовите на малините. Се верува дека само 125 gr малини дневно може значително да придонесе за здравјето и да го намали ризикот од малигни заболувања. Елагинската киселина не се уништува со замрзнување и термичка обработка, па затоа ја има и во џемовите, сирупите и компотите.

Поради изобилството на елагична киселина, јагодите се проучувани во многу медицински центри во светот. Експериментите на животни потврдија дека го спречува создавањето на рак на усната шуплина, белите дробови, хранопроводникот и црниот дроб. Со уништување на слободните радикали, ги штити клетките од мутации, односно спречува оштетување на ДНК и спречува репродукција на веќе формирани малигни клетки.

Уште еден моќен антиоксиданс се наоѓа во малините. Количината од 100 грама од ова овошје содржи речиси половина од дневните потреби на витамин Ц, покажуваат истражувањата.

Во 100 грама малини има само 52 калории, што ги прави нискокалорично овошје, а веќе споменатите кетони не дозволуваат таложење на маснотии во организмот.

Се препорачува и диета со малини, седум дена за еден оброк јадете само малини.

Ќе видите дека вашата коса станува повитална и посјајна, а вашата кожа посвежа и затегната.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе